Ја снема од јавноста, а имаше добар моден стил: Боркица знаеше како да ја носи облеката

Добивај вести на Viber

Од осамостојувањето па до денес, имавме неколку премиери. Со своите сопруги често одеа на разни патувања ширум светот, на јавни настани, забави, хуманитарни акции... Токму таму можевме и да го видиме стилот на тие дами, а Боркица, втората сопруга на екс премиерот Никола Груевски рака на срце секогаш изгледаше прикладно и умерено облечена. Она што последно се знае е дека таа поднесе документи за развод, а Никола се знае дека е во Будимпешта. 

Како и да е...

Преферираше да носи фустани кои ја изразуваат линијата на телото но и такви кои се со строг крој, ама во боја и не претерано шарени. Нејзината тивка појава сепак го задржуваше вниманието и таа на своевиден начин остави моден белег во годините на владеењето на нејзиниот сопруг. 

Често си играше и со накит, внимателно избран, а косата и шминката секогаш ѝ беа одлично усогласени. За разни свечености носеше паметно избрана облека и изгледаше убаво. 



Фото: Фејсбук профил на Никола Груевски