Нема пари, нема мир, но има хаос: 3 ХОРОСКОПСКИ знаци ќе западнат во финансиска криза пред Новата година
Тешко за некого:
ОВЕН
Умеете често да предвидите нечија рекација во работните преговори. Важно е да оправдате нечија доверба и посовремен пристап кон заедничките теми или интереси носи долгорочен успех. Понекогаш поставувате премногу строги критериуми пред саканата личност. Направете се што е потребно да воспоставите љубовна согласност. Не се оптеретувајте со дилеми.
БИК
Интересните идеи кои ги имате ја потврдуваат вашата оригиналност во размислувањето и спремноста да прифатите заеднички цели во договор со соработниците. Следува работно- финансиски успех или ново професионално напредување. Јасно се приметува дека сте расположени за нова романса. Често посакувате да остварите се она што ви лежи на срце.
БЛИЗНАЦИ
Битно ви е да ги остварите своите приоритети и да сте добро инфромирани за разните работни прилики. Корисните информации можат да ве поштедат од непотребниот напор. Сочувајте го добриот колегијален однос. Партнерот има позитивно влијание на вашите одлуки и однесување дури и тогаш кога имате сосема поинакво мислење. Подарете мал подарок на саканото лице.
РАК
На повидок се нови работни обврски и дилеми кои бараат дополнително ангажирање. Бидете внимателни во комуникацијата со деловните партнери. Погрешното толкување на информациите може да предизивка компликации. Нема причина да ја подарувате вашата емотивна доверба лесно кон личноста која сте ја запознале неодамна. Емотивно ќе бидете доста несигурни.
ЛАВ
Делувате загрижено поради новите случувања на работната сцена кои можат да ве успорат во спроведување на плановите. Но, со дополнителна упорност ќе се покаже дека имате ефикасни решенија. Сочувајте го од љубопитните очи својот однос со саканата личност и коментари за некои семејни случувања. Своите “мали слабости” покачете ги само пред блиска личност.
ДЕВИЦА
Умеете бргу да се прилагодите кон новите правила и сте заинтересирани за современи идеи, што представува добар услов за натамошно работно напредување. Дефинирајте ги јасно работните цели. Анализирајте го односот со саканото лице. “Љубовните лавиринти понекогаш имаат многу скриени пораки. Не дозволувајте друг да ги толкува вашите чувства и емоции.
ВАГА
Нема причина да се задржувате на остварени цели и зафаќате со краткотрајни решенија. Обратете внимание на интересни идеи кои создаваат прилика за професионално напредување. Чувствувате нов импулс на емоции, радости и задоволства во близина на саканата личност. Со својата појава и стил на однесување ќе привлекувате внимание и ќе делувате шармантно.
ШКОРПИЈА
На вашето расположение влијаат позитивно бројните средби кои ги имате во кругот на соработниците или интересните работни понуди. Ќе ве заморуваат рутински работи каде нема да можете да бидете креативни. Делувате занесно во трагањето по нови предизвици и ви е потребен некој вид освежување во изразувањето на емоциите.
СТРЕЛЕЦ
Можно е да сте направиле некоја погрешна работно- финансиска проценка, така што ве очекуваат разни коментари и компликации во односот со соработниците. Размислувајте на кој начин да ги зачувате професионалните интереси. Забелешките упатени кон партнерот ќе останат без одговор. Ви пречи неговата самоволност или вообразеност. Делувате напнато и нервозно.
ЈАРЕЦ
Во согласност со своите блиц процени најчесто имате големи амбиции, но се наоѓате во променлива психофизичка фаза така што и вашите резултати се подложни на оцени. Ве очекува успех во добро платените работи. Имате добра љубовна стратегија и не отстапувате лесно без разлика на нечија реација или остар тон. Ќе ве израдува некое необично познанство.
ВОДОЛИЈА
Јасно ви е дека понекогаш настаните на работа се надвор од контрола и тоа не треба посебно да ве загрижува. Не упаѓајте непотребно во полемики со соработниците. Во љубовниот однос однесувањето на партнерот почнува лесно да ви пречи. Имате впечаток дека се оддалечувате од саканата личност и од заедничките планови.
РИБИ
Благодарение на добрата проценка имате јасни цели и упорно ги браните вашите работни интереси. Нема потреба да правите работни компромиси доколку тоа се коси со вашите морални начела. Поради бројните обврски, свесно пропуштате некои значајни настани во љубовниот или семејниот живот. Немојте да занемарите нечии потреби и излезете во пресрет.