Калиопи, Венко и „Вештица“: Еве што значи кога ќе се спојат маркантни уметници
„Сеуште сум под импресии од вчерашната ноќ во Крагуевац…
Овој град, овие луѓе, одново ме маѓепсаа со нивната способност да создадат небо во затворен простор, овој пат во Свечената сала во Судницата во центарот на градот…
Но, за вчерашната магија, пред сѐ “виновен” беше мојот драг пријател и прекрасен уметник, писател, Венко Андоновски…
Тој ја промовираше својата фантастична книга “Вештица”, овој пат објавена на српски јазик.
Се гордеам со тебе , пријателе мој…
Ти реков ќе ти ја запеам “Калеш Анѓа”, спонтано, акапела…А јас пак, најспонтано си ја запеав “Јовано Јованке”, инспирирана во моментот од твојата главна хероина во романот, Јована од Вевчани…Каков роман, пријателе мој…
По промоцијата ми рече:
“Ах, не ја чувме “Калеш Анѓа”, барем отпеј ми дел, додека одиме по улица накај дома…”
Се смеевме слатко, задоволни и среќни… Зошто љубов е тоа, пријателе мој.. како што и чоечноста е најголемата уметност од сите останати“…- напиша дивата Калиопи на Инстаграм.
Имено, таа беше гостинка на промоцијата на романот “Вештица” од реномираниот наш автор Венко Андоновски, а сето тоа се случи во Крагујевац. А кога ќе се спојат вакви уметници, тоа мора да е врвно. Калиопи запеа, ечеше салата...
На следниот линк како звучеше: