Болката ја менува формата, но никогаш не запира: Моќни изјави од ненадминливиот Киану Ривс

Добивај вести на Viber

Утре не ви е загарантирано, живејте денес!

Неговиот татко го оставил кога имал 13 години, на неговата постара сестра му била дијагностицирана леукемија, неговата ќерка е родена мртва… Киану Ривс најдобро знае колку може да биде тешкиот живот, но некако тој сепак успеа да понуди хуманост и топлина на својата публика и светот. Затоа луѓето толку многу го сакаат, а неговите зборови имаат посебна тежина.

-Ако успеете да насмеете жена, ќе ја видите најубавата работа на планетата Земја.

-Понекогаш непријателите се наши најдобри учители, луѓето можат да учат од своите грешки, уништувањето понекогаш значи преродба.

-Верувам во љубовта на прв поглед. Ја сакате таа врска, а потоа сакате и проблеми.

-Утре не ви е загарантирано, живејте денес!

-Понекогаш едноставните работи се најтешки за постигнување.

-Болката ја менува формата, но никогаш не запира.

-Заљубувањето и врската се две различни нешта.

-Јас бев воспитан да ги третирам луѓето онака како што сакам да ме третираат. Тоа се нарекува почит.

-Никој од нас нема да излезе од овде жив, затоа ве молам престанете да се однесувате како да не е важно. Јадете вкусна храна. Прошетајте кога е сончево. Скокнете во морето.

-Добар дејт е кога сте опиени еден со друг, и сè на светот станува добро.

-Обидете се да не бидете во право од време на време, тоа ќе биде добро за вашето его.

-Едноставен чин на внимание може да ве однесе далеку.

-Кој тип на девојки ми се допаѓа? - Сите тие се ангели.

-Кога живеете без љубов, не ја доживувате и не можете да ја дадете, тоа е прилично силна казна.

-Забавно е кога сте безнадежно заљубени. Тоа е опасно, но е забавно.