Свештеник отишол на пат со љубовницата: Сопругот ги фатил на дело, регионот зборува за епилогот од приказната
Пред неколку дена пристигна приказна од Бања Лука која го остави Балканот без зборови! Луѓето велат дека вакво нешто никогаш не се случило во Босна и пошироко.
Бракот на свештениците треба да послужи како пример за народот, но попот од Бања Лука секако живее, само не според црковните правила што ги проповеда. Имено, мештаните се‘ уште се во неверување и истакнуваат дека ваква приказна досега не виделе на филм.
Тие не сакаа да го откријат идентитетот на свештеникот, единствено за да ги заштитат неговата сопруга и децата, притоа потенцирајќи дека него на никаков начин не би го поштедиле. Во парохиите во предградието на Бања Лука ваква прељуба не се памети, особено луѓето се разочарани бидејќи токму човекот кој ја проповедал духовноста го згазил најсветото - семејството.
- Знаете како одат вакви приказни, ни оваа не се разликува многу, но овде главниот јунак е нашиот поп, па тоа му дава важност. Луѓето не размислуваат, иако имаат семејства и деца, па кога ќе дојде моментот кога ќе се открие прељубата, а таа секогаш се открива, особено на помалите места, тогаш семејството и децата, кои не се ниту виновни, ниту одговорни, трпат најмногу - вели соговорникот за „српски инфо“.
Љубовницата била позната како скромна и воздржана жена, била посветена на своите најблиски, а никој не можел ни да претпостави што прави зад грбот на нејзиниот сопруг.
- Секако и двајцата се од наше место, тој не е баш за пофалба по човечки квалитети, иако е свештеник, а таа е член на семејство, односно во брачна заедница. Не знаеме точно кога се родила таа љубов, поточно страст, претпоставуваме, но сите знаеме кога и како завршила – додава тој.
Уште позапрепастувачки податок е што се осмелиле сами да тргнат на патување, не надевајќи се дека наместо да уживаат, ќе го доживеат најголемиот срам.
- Сеедно, но кога сопругот на љубовницата на свештеникот дознал за прељубата, го бркал автомобилот на прељубникот се‘ до Бања Лука, па и понатаму, каде го стигнал и го претепал - открива детали информираниот соговорник.
Тој вели дека на неверниот поп не му помогнало тоа што на своите познаници им тврдел дека повредите ги добил на сосема поинаков начин.
- Жал ни е за се‘, но спаси жива глава, се‘ можеше да се случи, иако се‘ уште не знаеме како на крајот ќе реагира Попадиката - заклучува соговорникот за „Српска инфо“
Фото: freepik