„Што направив за да те заслужам толку совршен “: Синот на Марија Шерифовиќ наполни годинка, пејачката со емотивна честитка

Добивај вести на Viber

Точно на полноќ на социјалните мрежи се огласи Марија Шерифовиќ и тоа со најубава причина. Имено, нејзиниот син Марио денеска полни една година, поради што пејачката му се обрати со најнежни зборови. Синот на Марија Шерифовиќ ќе го прослави својот 1 роденден со голема заедничка забава со својата мајка која неодамна наполни 40 години.

Марио, како што претходно откри пејачката, донел големи промени и голема радост во семејството, а колкава е таа радост јасно се гледа од зборовите кои Марија му ги упатила на својот наследник.

- Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a great world“. 

- Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа вечер. Ѕвездите никогаш не светеле посилно. Тргнавме да ти посакаме добредојде на светот, малечко мое, најубав. Ме прашуваат синко, дали мојот живот се промени? И не знам ни како да им објаснам колку се смени...

Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители... И не ми останува ништо друго, освен да се прашувам до последниот ден што направив за да те заслужам толку совршен. Среќен роденден синко!

Те сакам - напиша Марија со фотографија од наследникот.


Фото: Инстаграм