Жал ми е што не сум негов вистински татко: Саша го прифати синот на Сузана како свое дете

Добивај вести на Viber

Насловна фото: принтскрин

- Зборот очув звучи навистина страшно, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква - изјави Сузана

Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ долги години се во хармоничен брак и заедно ја имаат ќерката Александра, додека пејачката и нејзиниот претходен партнер го имаат синот Даниел, за кој Поповиќ се грижи како да е негов син.

Сузана еднаш изјави дека Даниел, кого го родила на неполни 18 години, немал особено среќно детство, бидејќи неговиот биолошки татко не бил заинтересиран за него.

- Кога се разведовме со татко му, тој имаше седум месеци, па не ни знаеше што се случува. Никогаш не сум кажала ништо против татко му, верувам дека Господ ќе не суди сите еден ден и дека секој ќе го добие она што го заслужил во животот. Имавме толку среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел тргна во основно училиште, татко му се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел не праша ниту за татко му, едноставно не чувствуваше потреба. Јас и син ми сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Сале - изјави тогаш таа за „Стил магазин“.

Тешката приказна за детството на Даниел сепак добила среќен крај, а Сузана вели дека двајцата имале навистина среќа што го запознале Саша и дека тој го прифатил Даниел со толку многу љубов.

- Зборот очув звучи навистина страшно, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква. Саша безброј пати во друштвото за Даниел рекол - „Како да е мој син, жал ми е што не сум му вистински татко". Тој е многу горд на него и работат заедно во студиото. Ако мажот со нешто може да „ те купи“ во животот, тоа е ако го прифати твоето дете од првиот брак. Подобро отколку да добиеш седмица на лотарија. Воопшто не ги разделува Александра и Даниел. И двајцата се наши деца“, рече таа, истакнувајќи дека чувствата се взаемни и дека Даниел со еднаква љубов го сака Саша.

Даниел, како што изјави претходно пејачката, не сака да слушне ниту збор за нејзиниот татко.

- Даниел не сака да зборувам за неговиот вистински татко, тој не заслужува да биде спомнат. Даниел порасна со Саша и мене, а неговиот вистински татко е Сале. Сè што научил научил од него. Работи кај нас во „Гранд“, режија, тон инженер и одлично се снаоѓа. Срцето ми расте секој ден кога слушам дека луѓето го фалат, го направивме прекрасен маж и верувам дека еден ден ќе биде прекрасен сопруг - изјави Сузана за медиумите пред неколку години.

Во мај 2022 година, Даниел се ожени со својата долгогодишна девојка Тијана. Љубовта се родила меѓу нив двајца уште додека работеле заедно.

Тијана е шминкерка и ја ангажираат многу јавни личности, додека Данијел работи во „Гранд“како инженер за звук.