Згодната струмичанка што му го освои срцето на Хрватот како Лара Крофт, а тој ист Маверик од „Топ Ган“: Душица и Игор - копии на Анџелина Џоли и Том Круз
Ликовите од филмовите, честопати се инспирација за копирање на стилот, облеката, и воопшто цел изглед за разни настани и поводи, прослави и свечености.
Овој пат интересна комбинација избраа хрватскиот ракометар Игор Карачиќ и згодната Душица која по потекло е од Струмица.
Тие за некоја забава со пријателите се маскирале во Лара Крофт - Душица и Маверик од филмот „Топ Ган“.
Душица го ископирала изгледот, облеката но и фризурата на Џоли, додека Игор го земал изгледот на Том Круз.
Погледнете и проценети дали и колку личат како копии на оригиналните Анџелина Џоли и Том Круз.
Игор и Душица се заколнаа на вечна љубов во 2022. Тие направија свадба од бајките во луксузен ресторан во Мостар, каде за забавата се погрижи македонскиот пејач Драган Темелков познат како Џони.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм