Дали навистина дојде до тоа: Беше продуцент, а нема да верувате што работи сега сопругот на Тијана Дапчевиќ

Добивај вести на Viber

Сопругот на Тијана Дапчевиќ реши да ја смени професијата

Пејачката Тијана Дапчевиќ ужива во долгогодишен брак со сопругот Милан, кого не го гледаме често во јавноста.

Тијана тврди дека не го крие, туку дека ја почитува неговата одлука дека не сака да се експонира.

- Милан е човек од сенка. Тој е само човек кој не сака премногу да се фотографира. Секогаш е во фазон: „Ајде, не ме ставај на Инстаграм!“. Додека сè уште работевме заедно, додека тој беше мој продуцент, секогаш беше расположен да одам јас некаде, а тој никаде да не се појави.

Сопругот на Тијана Дапчевиќ во последните неколку години се впушти во нов бизнис кој нема никаква врска со музиката – земјоделството, во кое ужива.

- Последниве неколку години се занимава со земјоделство, па на шега ми вели: „Јупи, конечно не мора никаде да одам со тебе и да се сликам. Ај, не ме прашувај ништо, само давам и давам, ме разбираш. Но, фала богу, оваа година се очекува првиот вистински род, рече таа пред повеќе од половина година.

Освен што оревите од есен ќе бидат дел од приходот на семејството, доаѓањето на плантажата Тијана го користи и за други цели, како што е ослободување од вишокот енергија.

- Можеш да одиш да ги тресеш оревите, и тие убаво ќе паднат и тогаш не ти треба таа машината за тресење за која си платил многу пари. Потоа сето тоа оди во машината за сушење, па добро е да се има плантажа - на шега рече пејачката.

Многумина мислат дека Тијана и Милан со влегувањето во овој бизнис станале милионери, исто како што некогаш зборуваа дека ќе се збогати како пејачка, а еве како таа го коментира тоа.

-Тоа се предрасуди и луѓето живеат во заблуда дека ние пејачите и луѓето што се занимаваме со јавна работа имаме дрво пред зградата каде најдолу има 20 евра, 50 малку погоре, а на врвот се виолетовите евра. Тие мислат дека ги собираме тие пари, па тоа се само заблуди. Велат, лесно ти е да пееш, да, најубавиот дел е кога излегуваш на сцена и пееш, благословена сум што ја работам таа работа - изјави Тијана еднаш за Информер.


Фото: Инстаграм