Пријатно и топло: Голема елка, поштенско сандаче за писмо до Дедо Мраз - Новогодишна атмосфера во домот на Сара и Димитар
Новогодишните украсени елки веќе блеснаа во домовите на познатите. Познатиот пар Сара и Димитар со кратко видео споделија како изгледа нивниот топол дом во пресрет на празниците.
Декември е месецот кога се започнува со украсување за што подолго да трае и да не држи новогодишната магија. А посебно кога во домот имате деца, во тој случај новогодишното украсување е задолжително затоа што тие и најмногу се радуваат.
Голема елка украсена со дрвени и лампиони во црвено-златна боја блесна во домот на Сара и Димитар, а со неа и пропратните новогодишни украси. Перничиња со новогодишни мотиви, Дедо Мразовци во неколку варијанти, поштенско сандаче во кое Илина и Кирил ќе го пратат писмото со желби до Дедо Мраз, украсни чорапи и уште многу други детали кои ја надополнуваат новогодишната топла домашна атмосфера.
Веруваме дека ова утро било вистинско изненадување за нивните две деца Илина и Кирил.
Фото: ИнстаграмРЖМ