Да се сплотиме, ние сме народ за народот: Познатиот готвач Антонио Јанковски се бори за живот со ракот на црниот дроб и инфекција на бели дробови

Добивај вести на Viber

Некогаш познат водител на кулинарско шоу, денес страдалник кој моли за помош за спас од злокобната болест.

Сигурно се сеќавате на Антонио Јанковски, готвачот од малите екрани, денес води борба за живот.

Исцрпен, со истоштен изглед, Антонио објави неколку фотографии покрај описот за кој бара помош.

„Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене.“

„Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“ – напиша тој.

Итна потреба од средства.

Мојата животна приказна во последно време.

Имам рак на црниот дроб и добив лоша инфекција на моите бели дробови која предизвика нивно оштетување. Не знам кое е полошо од двете. Во меѓувреме моите финансиски средства се потрошени до точка на гладување и ја изгубив целата моја тежина и не можам да работам, па морав да се откажам од болничкиот престој, затоа што не можам да си дозволам да плаќам за лекувањето и лекарствата кои ми се потребни...

Сметките се трупаат и сега мојата опција е да страдам и да се борам за воздух надвор од болницата, без грижата која ми е потребна и со кислородна поддршка. Сам на себе е пеколно тешко, па ако можете, ве молам да ми дадете мала поддршка за да бидам подобар. Навистина сакам да живеам и да уживам во животот како сите вас“ , напиша Антонио на социјалните мрежи.



Стопанска Банка

200004050431223

Апел за помош за Антонио се споделува и на GoFundMe:

„Мојот 39-годишен братучед Антонио Јанковски, кој со години работеше како кувар боледува од рак на црниот дроб. Ракот е агресивен и се проширува многу брзо. Му требаат многу третмани и медикаменти за да се опорави. Нема работено подолго време поради болеста и не е способен за работа. Моментално е на кислородна поддршка со кислородна боца која и таа ја има добиено преку донации.

Тој инфекцијата и оштетувањето ги добил во Дубровник. Пред некоја сезона беше на циклус хемотерапија и имуниот систем му паднал и се развила бронхопнеувмонија која многу му го оштетила левото белодробно крило, но исто така има и оштетување на долниот дел на десното белодробно крило. Поради тоа не може да дише самостојно и цело време е на кислородна поддршка со кислородна боца.

Моментално е едвај 50кг, па не е способен сам да стане и му треба помош од трето лице за да го крене или држи. Тој треба да продолжи со зрачење на Клиниката за онкологија, но поради тоа што тој нема веќе можности во моментов ние сме му повеќе од потребни.

Ве замолувам хумани луѓе, се работи за млад живот. Кој колку може да помогнеме на Антонио, за да го спасиме неговиот живот“.