Помагале и лекувале не барајќи ништо за возврат: Денес ги празнуваме заштитниците на лекарската професија Светите Козма и Дамјан

Добивај вести на Viber

Православните верници денес го празнуваат празникот посветен на Козма и Дамјан, во народот познати и како Светите Врачи. Овие светци се сметаат за заштници на лекарската професија.

Освен во храмовите на МПЦ и православните домови овој празник се одбележува како куќна слава во многу домови, но и многу верници го слават својот именден.

Според преданијата, светителите помагале и лекувале не барајќи ништо за возврат „поради добивка и богатење“ , туку „поради Бога“ па во народот се познати и како свети Безсребреници.

Дамјан и Козма според христијанските преданија останале запаметени по тоа што бесплатно лекувале. Не правеле разлика меѓу своите пациенти по националност и вера. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да го го изговараат името Христово залудно, дури иако не сакаат да го прифатат христијанството.

Светителите се погребани еден до друг во местото Фереману. Тие на иконите и фреските се претставуваат во средновековна облека, со кутии во кои носеле лекови.

Светците се прикажани во икони и фрески во средновековна облека, со ковчези во кои носеле лекови.

Исто така, се верува дека не треба да се врши тешка физичка работа и дека не треба да се напушта домот освен ако е апсолутно неопходно. Според народното верување, утре е добар ден за молитва за исцелување:

Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме. Умолете Го Господа, да ни даде, нам недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата маченичка смрт. Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секога, и во вечни векови. Амин.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Фото: Денови.мк