Мајчина болка: Одлуката на Анастасија ѝ го скрши срцето на Цеца Ражнатовиќ, еве зошто

Добивај вести на Viber

Одлуката на Анастасија Гудељ, беше исклучително тешка за Цеца

Љубовта која се разгоре меѓу Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ стана позната релативно брзо. Новобрачниот пар два месеци успеваше да ги сокрие искрите меѓу нив од јавноста, додека сестрата на фудбалерот не се пофали со својата снаа на социјалните мрежи. Сепак, Цеца не можеше да претпостави дека одлуката на Анастасија Гудељ ќе дојде толку брзо...

Одлуката на Анастасија Гудељ - Поради љубов ги спакува куферите

Иако пејачката тогаш излезе од долга врска, едноставно се знаеше дека работите во новата романса ќе одат многу побрзо отколку што јавноста можеше да замисли. Веќе по неколку средби со Анастасија, Гудељ ја започна приказната за нивниот заеднички живот, кој имаше среќен епилог бидејќи Анастасија веднаш размислувала  да се пресели.

- Не мора никому да признаат колку се заљубени бидејќи тоа се покажува на нив. Уште од првиот ден кликнаа и на сите им беше јасно дека оваа врска ќе биде поинаква за двајцата. Немања живее во Севиља со својата мајка, брат и сестра бидејќи игра за тамошен клуб со кој има одличен договор и не планира да го промени додека не добие подобра понуда. Затоа ја изнесе приказната за нивниот заеднички живот кога Анастасија последен пат беше кај него. Сфатиле дека добро функционираат, дека таа е спокојна меѓу неговото семејство и дека неговите се одушевени од неа. Сите уживаа додека таа ги посетуваше и се чини дека сите го поминаа првиот тест – изјави претходно извор близок до Гудељ, а пишуваше Блиц.

- Анастасија е свесна за важноста на неговата кариера, но и за тоа дека на своите настапи може да патува од кој било град. Србија не е далеку од неа кога треба да снима песни и да го посети семејството, па идејата во септември да се пресели во Шпанија е речиси зрела. На тој начин би можеле да поминат многу време заедно помеѓу ригорозните карантини што ги има Немања во клубот.

Како што тогаш се пишуваше, за одлуката придонесе фактот дека на Анастасија и се допадна климата во Шпанија, како и неговото семејство и пријателите.

- Анастасија има впечаток дека ги познава цел живот. Нејзе и се допаѓа што се отворени и зборливи, па брзо најдоа заеднички јазик. Од самиот почеток ја прифатиле како член на семејството и има голема поддршка од нив кога е нејзината кариера во прашање. На сите им се познати песните што ги снима, закажаните настапи и знае дека ќе ѝ помогнат во се‘ што и треба кога ќе им стане цимерка. Немања едвај го чека моментот кога Анастасија ќе ги донесе куферите и официјално ќе се всели. Дефинитивно планираат заеднички одмор, иако е тешко да се координираат бидејќи Анастасија има голем број на закажани настапи, по кои ќе живеат заедно – истакна тогаш изворот.

Откако Гудељ пристигнаа во Белград по повод еден од родендените на Анастасија, кога се сретнаа и со семејството Ражнатовиќ, на сите им стана јасно дека на Цеца ѝ се допаѓа зетот.

- Цеца веднаш дозна за романсата на Анастасија, но со Немања се запозна преку Скајп, а ова беше прва средба во живо. На прв поглед ѝ се допадна и многу брзо од спортистот дозна дека ја убедува Анастасија да се пресели. На Цеца не ѝ требаше многу време да сфати колку Анастасија е среќна и исполнета со Немања, па ја поддржа идејата да се пресели, иако како и секоја мајка жали што ќерката нема да биде во нејзина близина. Анастасија и таа се како пријателки, па ѝ е уште потешко – истакна тогаш изворот.

Денес оваа одлука изгледа како полн погодок, но Цеца, како и секоја мајка, сигурно тажи за своето чедо со кое го делеше секој заеднички момент, секој ден, додека не се пресели.


Фото: Инстаграм