Беше најпозната естрадна љубовница на Балканот: Сакаше рокери, тие ѝ пишуваа песни, а беше и со овој екс фудбалер
Алка Вуица е многу активна на социјалните мрежи, а пред неколку години крена прашина со топлес фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм. Кога се појави на јавната сцена, Алка привлече големо внимание во јавноста.
Нејзина прва љубов беше тапанарот на групата „Сребрена крила“ Ади Караселимовиќ. Таа имаше 18 години, а го запозна во клубот „Сцена“ и веднаш се разгореа емоциите. Тој беше нејзината прва голема љубов и таа врска траеше четири години.
Откако раскинале, како што објавија медиумите, таа ги запознала Горан Бреговиќ и Бајага. Медиумите шпекулираа дека тие биле нејзини љубовници. Бајага и посвети дури две песни „Zažmuri“ и „Sa druge strane jastuka“.
Подоцна Алка не застана тука и се проширија шпекулации дека имала афера со градоначалникот на Сплит. Ниту тоа не беше единствената афера, а таа влезе во врска со фудбалерот Игор Штимец, кој тогаш беше оженет. Се зборуваше дека фудбалерот ја изневерувал Сузана со девојки, пејачки и актерки, а бројот на овие афери не е познат.
Многу ја ценам Сузана и жалам што беше повредена поради мене. Судбината ни ги спои животите на многу грд начин, но само затоа што и двајцата многу го сакавме истиот човек и му верувавме – изјавила Алка во едно интервју.
Кога неколку години подоцна ја прашаа за љубовта и нејзините избори, Вуица рече:
- За жал, и јас бев љубовница. И мислам дека е понижувачки за жена и на сите би им препорачала да не влегуваат во таква врска. Мислите дека можете да излезете од неа неповредени, но не можете. Ниту еден нормален човек не може да се согласи да биде некој друг. И всушност е страшно како тие момци кои заведуваат, затоа што мажите кои имаат љубовници го прават тоа, заведуваат, секогаш имаат своја тажна приказна – рекла таа еднаш.
Инаку, таа неодамна зборуваше за изневерувањето, па призна дека многупати им простувала на мажите кога биле неверни.
- Многупати сум простила измама. Мислам дека сите мои дечковци ме изневеруваа. Имав турбулентен живот, но интересен. Очигледно сакам такви измамници. Рокерите беа момци, во моето време. Денес попрво би избрала музичар отколку фудбалер. Ги сакам, ние сме друг крој на луѓе. Кога ќе ја земе гитарата и ќе ми свири... - изјави таа во емисијата „Ами Џи“.
Foto: TV Pink Printscreen