Фотографиите на Лепа Брена со слугинки предизвикаа коментари на мрежите: Ова не е промоција на класни разлики
Не се случува толку често еден моден едиторијал, барем во медиумите на овие простори, да предизвика толку многу реакции како оној што Лепа Брена го подготви во соработка со Vogue Adria во новото издание на тој престижен магазин.
Започна со ентузијазам, а продолжи со некои негативни, дури и осудувачки реакции.
Главниот уредник на Вог Адриа, Милан Ѓачиќ за N1 вели дека Лепа Брена е регионална ѕвезда и дека немала намера да промовира класни разлики.
На една од фотографиите на Лепа Брена во едиторијалот на Вог се појавува слугинка. Некои го толкуваа како романтизација на класните поделби.
„Јасно е дека никој не сака да промовира класни поделби, но тоа е како да гледате филм, во него се појавуваат различни сцени, што не значи дека тоа е поддршка за класните поделби“, рече Ѓачиќ.
Како што рече, фотографиите претставуваат време, поточно 80-тите години кога луѓето така живееле.
„Тоа е еден момент што го претставивме, тоа е една од 50-те фотографии во едиторијалот и не промовира класни разлики“, повтори Ѓачиќ.
Зборувајќи за тоа како дошло до идејата Лепа Брена да се најде на насловната страница на Vogue Adria, главниот уредник вели:
„Тоа е проект кој го планиравме уште пред да започнеме официјално, а сите во тимот знаевме дека ќе дојде моментот кога ќе се справиме со феноменот Лепа Брена. Факт е дека покриваме пазар од пет земји во регионот и многу е тешко да се избере која славна личност е актуелна во сите тие земји. Изборот на Лепа Брена не е доведен во прашање, дали таа е личноста која го претставува целиот регион и преку која можеме да ја раскажеме приказната што сакавме да ја претставиме“, објасни тој.
Каква беше таа приказна?
„Многу е едноставно да се направи убава фотографија на убава жена во студио. Сепак, продукции со приказна ретко се случуваат. Нашата идеја беше да ја претставиме како икона на 80-тите и да ја ставиме во приказна - пуши во авион, што знаеме дека е невозможно денес, игра на маса, вози авион... Еден вид филмска приказна без никаки детали околу секоја фотографија“, вели тој.
Фото: Инстаграм
Извор: Cdm.me