Цеца, Богдана и Лидија се журкаат во Дубаи: Снаата на пејачката наздравува во луксуз, а свекрва ѝ покажа што јаде пред настап

Добивај вести на Viber

Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ деновиве е во Дубаи каде утре ќе одржи спектакуларен концерт.

Цеца во Дубаи отпатува со сестра си Лидија Оцокољиќ и снаата Богдана Ражнатовиќ.

На Инстаграм веднаш покажа како го поминува времето со својата снаа и сестра. Трите наздравуваат покрај базен.

Лидија и Богдана се облечени во шарени лелеави фустани и со очила за сонце.

-Почнаа да уживаат, а јас ќе го правам ова бидејќи ме чека концерт, рече Цеца и покажа дека јаде салата и вода.

Цеца била мета на измамници

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ беше мета на измамници од Париз, кои претходните денови на социјалните мрежи најавија нејзин лажен концерт.

На плакатот пишуваше дека тоа е првата „Југо забава“, а Цеца беше најавена како гостинка и ѕвезда на вечерта.

Цеца Ражнатовиќ дознала дека е вмешана во измама, па тоа итно го објави на Инстаграм.

Заедно со фотографијата од контроверзниот постер таа едноставно напиша: „Лага“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Blic.rs