Фотографии од свадбата: Музичарот Горан Папаз и избраничката Наташа направија прекрасна веселба

Добивај вести на Viber

Музичарот Горан Папаз пред извесен период сподели дека ја побарал за жена, својата партнерка Наташа Атанасовска.

Тие тогаш споделија фотографии од веридбата, а овој викенд пак и официјално стапија во брак. 

На свадбената веселба присуствуваа најблиските роднини и пријатели на младоженците.


„Јас сум најсреќниот човек на универзумов.

Фала ви на сите што сте дел од мојов(нашиот) живот, ми го направивте денот најубав.

Нате (не дека си моја, ама...) најубава си ми!

Те сакам до небото!

Кумови Oliver Gjorik и Marija Kacaniklik прекрасни бевте, ве сакаме!

Monika Kocareva не можеше поубава креација да направиш, прекрасна, елегантна, совршена.

Efto Pupinoski и MAESTRALBand - Ohrid да сте ми живи и здрави до 100!

Hotel Granit - Ohrid од почетокот на договарање до вчера, најпрофесионални во секоја смисла на зборот, фала ви!

Уште еднаш фала што ни го направивте вчерашниот ден, најубав!“ - напиша Папаз на албумот со фотографии од свадбата.




Ова е втор брак за музичарот, кој од првиот брак го има синот Дамиан.