Фотографии од веридбата: Горан Папаз и избраничката блескаат од среќа

Добивај вести на Viber

Музичарот Горан Папаз пред извесен период сподели дека ја побарал за жена, својата партнерка Наташа Атанасовска.

Викендов тие направија и веридба на која присуствуваа најблиските, а двојката изгледаше навистина пресреќно.

- Ми ја дадоа убавинава, не дека е моја ама... - напиша Папаз во описот на фотографиите.


Саксофонистот е грижлив татко и ужива во моментите со „пилето татино“, како што тој го нарекува синот Дамиан, кого го има од првиот брак.