Заљубен до уши: Горан Папаз ја покажа својата понежна половина

Добивај вести на Viber

Музичарот Горан Папаз е доста активен на социјалните мрежи. Имено тој обожава да објавува фотографии од својата работа, но и од синот Дамиан, кој го има од претходниот брак. Саксофонистот е грижлив татко и ужива во моментите со „пилето татино“, како што тој го нарекува синот.

Неодамна Папаз сподели дека има нова девојка, во која судејќи по фотографиите е заљубен до уши.



Горан за својата избраничка Наташа Атанасовска пишува само во суперлативи, и за него таа е најубавата понежна половина, како и негова муза која го инспирира да твори.