Адријана Ацевска откри од што е зависна: Во тек со трендовите или самобендисаност?

Добивај вести на Viber

Атрактивната пејачка Адријана Ацевска позната во јавноста како Адријана Кеш на почетокот на месец ноември ги загрижи фановите и следбениците, па и јавноста кога сподели дека имала интервеција: „Инаку оперирав полипи на гласни жици. Не е страшно ќе помине брзо. Ви благодарам на сите за понудената помош. Среќна сум што ве имам и во вакви моменти кога во сите пораки кои ги добив, а има многу стои „во секое време што и да треба, само ѕвони“, сфаќам дека се‘ уште постојат луѓе. А за докторите и сестрите во килиничкиот центар едноставно немам зборови. Ова е она што ми е мото во животот, на сите ви поскаувам да имате се‘ она што не се купува со пари. Ви благодарам од срце“, напиша тогаш Ацевска, а сега откри од што е зависна: „Зависник од селфи во огледало“.

Трендот за селфи во огледало започна пред многу години, но се‘ уште овој начин на фотографирање е еден од најчестите, особено кога се ставаат слики на Инстаграм стори.

Убавата битолчанка очигледно го практикува често овој начин на фоткање, повеќете  слики на нејзиниот профил на Инстаграм се направени пред огледало.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм