Горда сум што ја издржав оваа година, што сум жива и здрава и јас и децата: Предновогодишно со Катерина Шехтанска

Добивај вести на Viber

Деновиве сѐ е во знакот на Новогодишните празници. Секаде е украсено (некаде повеќе, некаде помалку), се подготвуваат домовите, кафулињата, кафаните, плоштадите, баровите за пречекот на Новата 2025 година. 

Токму за новогодишните празници зборуваме со актерката Катерина Шехтанска. Таа е добро позната во јавноста бидејќи редовно е присутна на ТВ екраните, но граѓаните ја препознаваат и како дел од гласовите кои ги синхронизираат турските серии кои кај нас и тоа како се познати.

Катерина е поранешна балерина и долгогодишен член на балетското студио „Ребис“, ќерка е на познатиот актер Александар Шехтански, но самата таа е препознатлива по позитивноста која ја носи со себе насекаде, единствената насмевка со која плени и талентот за актерство. Спомнувајќи си на новогодишно-божиќните празници како дете актерката вели: 

„Пресреќна бев кога ќе ми дадеа пакетче, па сликањето со сите глумци.... други времиња убави спомени што нашиве деца ги немаат“. 

А кои се нејзините планови за пречекот на Новата година, што си посакува во годината што следува и која е нејзината новогодишна честитка, прочитајте во редовите подолу:

*Кој украсува кај вас дома, вие или тоа го правите сите заедно во семејството?

- Украсувам само јас ,никој не го интересира. Порано кога беа помали им беше интересно ама веќе не, за жал. 

 *Кои бои преовладуваат на украсите во домот?

- Секогаш црвено со златно, ама ако улета некое сребрено и бело знам да го шлапнам ако останало од некоја предходна година, нешто посебно за естетика не ме бива искрено, ама па секогаш ми излегува елката убава без оглед на се‘. Изгледа така како што ги редам без да размислувам многу, сепак нешто од внатре ми иде ......по се изгледа  сепак не сум до толку тапа.

*Дали порано додека вашите деца беа мали сте им правеле нешто посебно за НоваГодина или за Божиќ, дали сте имале некоја традиција?

-  Традиција некоја посебна не сме имале, освен што сме ги терале, а и се радувале да украсувааме заедно и секогаш главна тема била што ќе им донесе Дедо Мраз за подарок. И дека татко ми има костим, секогаш ни беше традиција тоа да дојде и да ги изненади ...пресреќни беа. 

Кон што покажуваат афинитети вашите децаДали некое од нив сака или има желба да биде како мама актер/ка?

-Синот ми е кошаркар, ќерката проба балет и избега (ахаха ке се разболев од мака)сега оди на одбојка ама искрено ни двајцата не сакаат по стапките мои и на дедо им да тргнат . Иако од мали цело време снимаа ама нешто посебно не се заинтересирани, ама може ќе сменат.

*Има ли атмосфера предновогодишна како порано низ годинитеКако вие ги чувствувате/доживувате новогодишните празници?

-  Нема атмосфера дефинитивно, порано било и јас како девојка знам како сум се спремала, ама во ова лудо време кога се‘ е изместено ненормалното стана нормално ја нема таа убава предновогодишна еуфорија, за жал.  

* Кој е вашиот омилен детски спомен за Нова Година?

-Уф јас сум дете на глумец секогаш паметам дека за Нова година одев во театар и ги гледав сите новогодишни претстави што беа на тековниот репертоар, па следуваше сликање со Дедо Мраз. Татко ми тогаш беше млад и секогаш го играше принцот, пресреќна бев пакетче кога ќе ми дадеа ,па сликање со сите глумци ....други времиња убави спомени што нашиве деца ги немаат.

*Каде ќе ја дочекате Новата година?

- Ниту размислувам каде, ниту имам желда за некаде, децата се големи тие прават планови јас им ги реализирам. 

*Оние кои ве следата ве пратат многуминабидејќи сте присутна во јавниот живот можат слободно да кажат дека сте активна и со полни раце работаКако стигнувате да бидете секаде и со завршени работни обврски

- Напротив воопшто не сум толку зафатена, и тие обврски се секогаш организирани така да секогаш им бидам достапна на децата и во салад со нивните обврски. Јас сум актер што не е ангажиран во театар и тоа ме излудува. И се она што е снимање и не е така целодневно па да немам време, освен емисијата за Балкан трип низ Македонија. Која ја снимаме тековно и по договор.

На кој свој успех сте си особено гордикој би го издвоиле и со кој би ја заокружиле 2024? Што би сте си посакале во Новата 2025 година?

- Горда не знам за што да кажам искрено,веројатно што ја издржав оваа година без нервни сломови, и што сум жива и здрава и јас и децата. Горда што и покрај се‘ опстојувам и издржувам со сите предизвици да се изборам и да победам (во некои и не успеав)и би ја заокружила веројатно со живи здрави да сме сите, желба за нешто конечно убаво да ми се случи  и да мрднеме бре напред доста не само што тапкавме во место туку и се вративме не неколку чекори ...туку километри назад. 

* Што им посакувате на граѓаните?

- На граѓаните искрено ама нај искрено им посакувам пред се‘ психичко здравје, да бидат спокојни, задоволни и да не дозволуваат никогаш никој да им го загрозува и гази мирот и спокојот. Да бидат поборбени борејќи се за она кое го заслужуваат и да не се плашат од ништо затоа што физиката не може да не научи на тоа ама појака сила од силната желба во животот на еден човек нема ,се рабира кога не е на штета на некој друг . И се разбира да бидат  помалку лоши и злобни.


Фото: Давид Ганевиќ

Наталија Миланова