Животна училница // Приказни
Честитајте ја Новата година со овие пораки: Најубавите новогодишни честитки за најблиските
- Нека новата година те прегрне наместо мене! Нека те бакне со бакнежот на вечната среќа и нека ти го осветли патот кон една блескава иднина! Нека под кристалниот ѕвон на чашите во новогодишната ноќ започнат да се исполнуваат сите твои желби!
- Кога две стрелки ќе се поклопат и две години ќе се разминат, во тој празничен момент ти посакувам сè што може да те направи СРЕЌНА!
- Во новата година ти посакувам да ја имаш силата на ветровите, смелоста на ѕверовите, мудроста на вековите и љубовта на боговите!
- Среќна Нова Година! Ти посакувам новата година да ти донесе многу од она што не се купува со пари и многу пари за сè останато.
- Среќна Нова година! Прими го мојот подарок – ОГРОМНА ЉУБОВ, завиткан со ИСКРЕНОСТ, врзан со ГРИЖЛИВОСТ и запечатен со БЛАГОСЛОВ, за да те радува во текот на целата година.
- Како што седум бои го исполнуваат волшебното виножито, така твојот живот нека го исполнат боите на љубовта, искреноста, грижливоста, довербата, здравјето, пријателството и задоволството. Среќна Нова година!
- Точно на полноќ погледни кон небото. Една ѕвезда ќе сјае посилно од останатите. Во неа ги сместив моите најубави желби за тебе. Нека блеска за тебе во текот на целата година. Среќна Нова година!
- 2017 година нека ги спакува во своите куфери сите твои грижи, неуспеси, разочарувања, лоши мисли и падови, а 2018 нека те облече во магичен гардероба од среќа, успеси, позитивност, здравје и благодарност. Среќна Нова година!
- Пред календарот да означи нова година, пред социјалните мрежи да се преплават со пораки, пред мобилните оператори да се „задушат“ од повици, дозволи ми да ти посакам прекрасна, просперитетна и бериќетна година.
- Дочекај ја 2018 година со широка насмевка, живеј ја со љубов и испрати ја со успеси. Радоста и доброто здравје нека бидат трајни гости во твојот дом. Среќна Нова година!
- Затвори ги очите, помисли на сè што ти мамеше насмевки во текот на 2017 година и заборави на сè останато. Ти посакувам тие насмевки да се помножат со милиони во текот на 2018 година. Среќна Нова година!
- Ги сретнав љубовта, здравјето, мирот и среќата, бараа постојано место за престој. Им ја дадов твојата адреса, очекувај пожелни гости. Имај среќна и благословена нова година!
- Времето е како река, истата вода никогаш не поминува двапати под твоите нозе. Исто како реката, моментите никогаш не се враќаат, па цени го секој момент кој ти го подарува животот и имај ПРЕКРАСНА нова година!
- Нека те опкружи надежта, нека те прегрне светлината. Раните нека избледнат, а твоето срце нека ги прегрне добрината, љубовта и мудроста. Искрена насмевка никогаш да не ги напушти твоите усни, а руменилото на здравјето – твоите образи. Нека сите твои желби станат реалност… Тоа е мојата новогодишна желба за тебе.
- Ти посакувам во 2018 година да имаш стотици соништа за кои вреди да живееш, илјадници причини за да се смееш, милиони радосни моменти во кои ќе уживаш и ниту една причина за да тагуваш. Среќна Нова година!