Утре започнува 40-дневниот Божиќен пост: Еве како да постите без да го загрозувате здравјето и имунитетот

Добивај вести на Viber

Од утре 28 ноември, започнува 40-дневниот Божиќен пост. За тоа време целта на сите оние кои се придржуваат до него е да го прочистат телото и душата, па покрај избегнување на одредени намирници кои не смеат да се јадат додека трае, треба да се избегнуваат и одредени однесувања за целосно да се испочитува постот.

А кога исклучуваме месо и други производи од животинско потекло од исхраната, мора да обрнеме посебно внимание на намирниците кои ги внесуваме и имунитетот, особено сега, во време на настинки и грип.

Бидејќи постот исклучува внес на месо и млечни производи и производи од животинско потекло, кои се најчестиот извор на протеини, но и други клучни хранливи состојки, не смееме да ги поминеме следните 40 дена на компир салата и џем и леб, туку треба да се осигураме дека телото продолжува да ги прима потребните витамини, минерали и други хранливи материи, особено во време на вируси и настинки.

Како можеме да се придржуваме на Божиќниот пост, истовремено зачувувајќи го здравјето и зајакнувајќи го имунитетот? Одговорот го даде нутриционистката Тања Бакраќ.

„Постот не треба да биде едноличен за да не се намали имунитетот и да се избегнат здравствени проблеми. Особено е важно да не се избегнува појадок. За време на постот, треба да земате храна што е свежа и содржи витамини, минерали и растителни влакна", посочува Бакраќ.

Ако постои опасност здравјето да биде загрозено со постот, верникот треба да го прекине постот (како болните, бремените жени и доилките).

Обрнете посебно внимание на внесувањето на витамини Д, Б12 и витамин Ц.

Со лесно на сите оние кои сакаат да постат од утре.