Воздржувајте се од мрсна храна, но и од грешни мисли! Божиќниот пост официјално започнува денес, оваа година ќе трае еден ден подолго!
Вистинскиот пост има две страни: физичка и духовна. Многу поважен е чинот на духовно чистење, вели отец Марко Јефтиќ!
Божиќниот пост официјално започнува во четврток на 28 ноември, но со оглед на тоа што денеска е среда и се пости, годинава постот ќе трае еден ден подолго.
Се верува дека Божиќниот пост бил воведен уште во IV век, а целото времетраење од 40 дена го добил во 12 век. Меѓутоа, овој пост не е толку строг како големиот или велигденскиот пост. Божиќниот пост ќе трае до 6 јануари 2025 година.
Строг воден пост е само во среда и петок, додека маслото и виното се дозволени во понеделник, вторник и четврток, а риба може да се јаде во сабота и недела.
Сопружниците треба да живеат како брат и сестра
Отец Марко Јефтиќ им препорачува на верниците да го зачуваат внатрешниот мир и да не се изложуваат на насилни содржини, туку да истраат во постот со мирен дух во кругот на семејството.
- За време на постот во сабота, недела или во деновите кога постите на масло, дозволено е да се пие вино, чашка ракија, но треба да се воздржите од претерување во се, како и од пиење. Ѓаволот не јаде ништо, што значи дека постојано пости. Но, нечестивиот има агенда да го доведе секој верник на погрешен пат со своите манипулации и да го уништи Божјото битие во човекот. Пожелно е да се воздржите од сексуални активности, блуд и неморал. Земањето наркотици е строго забрането. Сопружниците треба да живеат како брат и сестра тие 40 дена. Не треба да се изложуваме на насилни филмови и музика кои можат да го разнишаат внатрешниот мир на верниците – заклучува отец Јефтиќ.
Според отец Марко Јефтиќ за време на божиќниот пост најважно е да ја исчистите душата од гревовите и да се приближите до Бога.
- Вистинскиот пост има две страни: физичка и духовна и се состои и во воздржување од мрсна храна и во воздржување од лоши мисли, желби и постапки, умножување на молитвите, милосрдието и практикување на сите евангелски доблести. Чинот на духовно чистење е многу поважен. Поентата на постот е човекот да се покае со своето битие и да се доближи до Бога и до царството Господово. Друга важна работа е верниците редовно да се исповедаат за време на постот. Годинава Божиќниот пост ќе биде еден ден подолг со оглед на тоа што денеска е среда, а среда се пости - вели отец Марко Јефтиќ.
Правилата на божиќниот пост
Во текот на целиот овој пост не се јаде месо, бело месо и јајца. Дозволено е масло и вино, освен кога се пости на вода.
Од 28 ноември до 30 декември: во понеделник, среда и петок се пости на вода, вторник и четврток на масло, а во сабота и недела на риба.
Од 31 декември до 6 јануари - последната недела - постот е построг и ја исклучува рибата. Понеделник, среда и петок постот е на вода, а вторник, четврток, сабота и недела е на масло.
Рибата се јаде на Воведение на Пресвета Богородица (4 декември), дури и ако празникот паѓа во среда или петок.
На Божиќ не се користи масло, ниту вино, но задолжително се пости на вода.
Треба да јадете малку по малку, доволно за да го зацврстите телото, но никогаш не треба да се доведувате во состојба на исцрпеност и слабост, бидејќи целта е телото и душата заедно да патуваат до целта - соединувањето со Бога.
Исто така, треба да се запомни дека кога за време на постот се паѓа празник, како што е Свети Никола (19 декември), задолжителен е посен оброк.
Како што додава тој, одредени верници можат да добијат ослободување од свештеникот за време на постот доколку се занимаваат со тешка работа, па им требаат дополнителни калории.
- Што се однесува до исхраната, месото и млекото не доаѓаат предвид. Секако дека постот не е строг за одредени групи верници кои имаат здравствени проблеми. Но во тој случај одат кај својот свештеник и со негов благослов го прилагодуваат постот според нивните здравствени потреби. Има многу луѓе кои работат напорна работа, што значи дека можат на пример да јадат риба кога постат на вода. Најважно е дека постот не го сфаќаме само како вид на исхрана, не постиме само со храна, постот со храна секогаш мора да биде придружен со духовен пост – вели отец Јефтиќ.
Фото: Freepik.comИзвор: Alo.rs