Ива Спасовска: Не е битно што ќе сошиеме, битно е да ти ја кренам самодовербата- КАЖИ ШИФРА
Во последниот подкаст за 2024 година КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор.мк ќе имате можност одблиску да се запознаете со Ива Спасовска, онаа вистинската, без паравани, без скривања, директно за се! Пробивме неколку животни шифри.
Спасовска е долги години модна дизајнерка и во континуитет една од најдобрите. Таа исто така е успешна инфлуенсерка и создава креативност и на дело и на социјаланите мрежи. Почнала сама, за денес да изгради свој бренд кој има личен потпис и нишки на гламур. Една од ретките која има свој парфем кој се нарекува „Ангел“, а беше во лимитирана серија.
Многу шета, сака да осознава разллични култури, да учи јазици, а токму турскиот јазик го знае наизуст. Не се плаши да го каже тоа што го мисли и е своја, директна и има што да каже.
Голем поборник е за правата на животните, па често прави акции за спасување на бездомните животинчиња. Дома живее со 4 миленици.
Беше верена и во подолга врска, но ја раскина. Се со причина...
За сето ова и за многу повеќе ќе дознаете во нашиот подкатст.
Уживајте: