Како првите дами на Македонија нè претставија стилски пред светот: Тие не сакаа да бидат во фокусот

Добивај вести на Viber

Улогата - сопруга на претседател е привилегија, но и улога која со себе носи голема одговорност.

Прва дама на една држава е титула која нема официјална функција, но има исклучиво церемонијална улога. Постојат многу сфери во општеството каде што се вклучени првите дами, политиката, културата, здравствената и социјалната заштита на жените и децата. Најчесто првите дами во светот се вклучени во најразлични хуманитарни активности,  и природно е една жена да сака да ги вложи своите напори и да ги искористи своите можности онаму каде што е најпотребно.

Првите дами на Македонија секогаш биле скромни и убави жени со изграден стил и елеганција.
Да се потсетиме како тие нè претставиja стилски низ годините, при посети надвор од државава. 

Прва која ја носеше оваа титула е Нада Глигорова, сопругата на починатиот Киро Глигоров, инаку прв претседател на Македонија.

Кон крајот на 90-те години оваа титула и припадна на Вилма Трајковска, сопруга на прерано загинатиот и никогаш непрежален Борис Трајковски.

Борис Трајковски и Вилма во официјална посета на Хрватска.


Во 2004 година, титулата прва дама ја носеше Јасна Црвенковска, сопруга на Бранко Црвенковски.

Бранко Црвенковски и првата дама Јасна во официјална посета во Словачка.


Најдолг временски период, десет години, чест да ја носи титулата прва дама ја имаше Маја Иванова, сопруга на Ѓорге Иванов.

Ѓорге Иванов и сопругата Маја во посета на во посета на Бугарија, пречекани од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и неговата сопруга Десислава.

Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, во дводневна официјална посета на Република Молдавија.

Маја Иванова во градот на модата, Париз. Претседателот Иванов, со сопругата, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, во Париз присуствуваа на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.
Таму првата дама на Македонија се фотографираше со Меланија Трамп и Путин.

Ѓорге и Маја во посета на Аман, дочекани со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, и неговата сопруга Кралицата Н.В. Ранија Ал Абдула.


Тековна прва дама на Македонија е Елизабета Ѓеоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски.

Македонскиот претседател Пендаровски придружуван од сопругата Елизабета во официјална посета на Република Словенија. 

Првата дама присуствуваше на Најроби Самитот кој се одржа на 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) во Каиро во 2019 година.

Со врвен стил, првата дама Елизабета Ѓоргиевска ја промовираше нашата земја за време на официјалната посета со Стево Пендаровски на Полска.

Интересно и заедничко за сите први дами на Македонија е тоа што при нивните посети надвор од државата, секогаш настојувале да носат облека од македонски модни куќи и дизајнери.

*РЖМ