Емоции напишани во зборови: Сопругата на Иџе со посвета за неговиот роденден -„Благодарна сум што си најубавиот дел од мојот живот“

Добивај вести на Viber

Најуспешниот и најдобриот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски, денес слави роденден, полни 42 години. Со роденденска честита се огласи неговата сопруга Емилија. Честитка полна љубов и емоции.

„Денес на твојот роденден сакам да ти кажам дека благодарна сум што си најубавиот дел од мојот живот. Твојата љубов, добрина и поддршка ми значат сѐ. Бескрајно сум благодарна за радоста што ја внесуваш во мојот свет секој ден. Тука сме да прославиме за тебе. Не само денес туку секогаш. Среќен роденден, љубов моја“, напиша сопругата на Иџе.

Убавите зборови беа поткрепени со нивни заеднички фотографии.

Помеѓу објавените честити за роденденот, Иџе ги сподели и оние од неговите деца Нина и Олег.

Иџе е миленик на младата генерација, особено на оние кои ги сакаат брзите автомобили и трките, позитивен, непосреден и успешен, а на тркачката патека – недостижен.

Иџе и Емилија во брак се 17 години.

Фото: Инстаграм
РЖМ