Чуварите на македонскиот јазик: Фотографија која ја грее душата и буди носталгија
Македонската радио-телевизија оваа година одбележува 50 години од нејзиното постоење. Националната медиумска куќа која беше расадник на голем број телевизиски спикери во тоа време, новинари, водители, како и видеопродукција на која можеле да ни позавидат. Од документарни емисии, квизови, едукативни емисии за деца, телевизиски серии за возрасни и деца, па се до забавни емисии посветени на музика, филм и спорт.
Познатата телевизиска презентерка на вести Татјана Стојановска објави фотографија од бардовите на македонското спикерство. Една фотографија, со „чуварите на македонскиот јазик“, најпрофесионалните ТВ лица во македонскиот етер.
Благоја Крстевски, Ленче Смилевска, Розета Арсова, Александар Деловски, Славица Божиновска, Лилјана Крстева, Борче Николовски, ова се доајените од кои многу генерации учеа за правилното говорење и однесување пред камера.
Многу генерации на телевизиски спикери го поминаа „школото“ на бардовите кои ги имаат препознатливите гласови кои се синоним за Македонската радио-телевизија.
Поводот за една ваква седенка во кафеана е јубилејот на Македонската радио-телевизија, приказната која ја започнале професионално и продолжила во едно убаво пријателство.
РЖМ