Како од бајките: Елена Петреска со сопругот во „престолнината на Божиќ“

Добивај вести на Viber

Стразбур во Франција, како и Колмар и Базел се атрактивни туристички атракции во оваа доба од годината, затоа што таму се одржуваат божиќните базари кои секоја година привлекуваат голем број на туристи.

Стразбур го нарекуваат „престолнина на Божиќ“ и е најстариот божиќен базар кој се одржува во Франција.

Нашата пејачка Елена Петреска која веќе некое време живее во Белгија, овој период од годината го искористи со сопругот да заминат во посета на Стразбур и да уживаат во магијата што ја нуди оваа туристичка дестинација.

„Бајка“, вака Петреска со еден збор го опиша доживувањето во овој град.

И навистина кога ќе ги погледнете фотографиите навистина за момент ќе помислите дека ова е невистинско, како да сте среде некоја приказна.

Овој божиќен базар постои од 1570 година. Областа околу катедралата е преобразена во блескава „Недојдија“, прошарена со подароци, треперливи светилки, закуски и – мирисот на цимет. Базарот „Кристкинделсмарик“ (Christkindelsmärik) во Стразбур трае од 27 ноември до 27 декември.

Фото: Инстаграм
РЖМ