Морничава симболика на една од последните објави на Масимо пред смртта: До крај не ја тргаше насмевката, еве што порача
Целата регионална музичка сцена и сите што го сакаа Масимо Савиќ уште се во целосен шок поради неговото заминување. Масимо Савиќ беше сакан низ поранешната земја, а неговите концерти секогаш беа вистинско музичко уживање. Тој беше водач на групата Доријан Греј, а подоцна продолжи соло кариера.
Масимо почина во петокот по кратко боледување, а последниот концерт во загрепската арена го одржа на 5 ноември годинава, со дрен во белите дробови.
- Зборовите на Масимо дека тоа ќе биде концертот на неговиот живот добиваат сосема ново значење откако се прочита објавата на Фејсбук на новинарот Роман Болковиќ. Масимо имаше концерт во Арената. На тој мој гостин, неговиот доктор, му кажа дека тоа е концертот на неговиот живот.
Човекот одговорил дека не е можно да го одржи, дека концертот на неговиот живот ќе му го загрози животот. Масимо мирно рече дека токму затоа дошол да замоли мојот гостин, исклучителен човек, докторот и неговиот медицински тим да бидат зад сцената. Па ако нешто тргне наопаку да се најдат.
-Докторот го гледаше неколку моменти и не веруваше што сугерира Масимо, но пред да може да одговори нешто, Масимо рече: „Докторе, со или без тебе, ќе го одржам тој концерт. Затоа што тоа е концертот на мојот живот , ви повторувам “ – се наведува во објавата на Фејсбук на новинарот Роман Болковиќ.
Музичарот неодамна им се обрати на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм каде им испрати мала порака. Масимо ги покани сите да дојдат на концертот и на крајот преку насмевка испрати порака која е морничава, со оглед дека тоа што го кажа навистина се случи.
- Овде патуваме меѓу Шибеник и Задар. Вчера и завчера беше убаво во Шибеник, навистина можам да се пофалам со тоа, но ве молам дојдете задутре во 18, среда. Ќе дадеме се од себе за да го поминеме најдоброто можно време. Она што сакам да ви го кажам е којзнае кога повторно ќе се видиме. Тоа исто така треба да се земе предвид. Се гледаме драги луѓе – порача Масимо во видео пораката што ја сподели на својот Инстаграм профил.
Панихидата за уметникот, кој остави длабока и незаборавна трага, ќе се одржи во петок, на 30 декември во 11 часот во Хрватскиот народен театар во Загреб.