Со љубов од Виена: Барбара Ракичевиќ на магичниот божиќен базар
Божиќните базари во овој период се едни од најпосетените дестинации. Берлин, Загреб, Белград, Будимпешта, Салцбург, Прага, Стокхолм. Можеби најпосетениот оваа година од Македонците, е базарот во Виена.
Секоја година привлекува голем број туристи кои сакаат да уживаат во убаво украсениот град, кој нуди незаборавно искуство.
Такво едно искуство носи и младата пејачка Барбара Ракичевиќ која ја посети Виена и уживаше во сите убавини кои ги нуди овој базар поставен на плоштадот „Rathausplatz“.
„Само основен пост од Виена“, напиша Барбара.
На божиќниот базар нема што нема да најдете, од божиќен подарок, до украси на елки, слатки и топли пијалаци по ваш вкус.
Убавата Барбара направила фотографии од божиќната бајка во Виена. Виена блеска во новогодишно руво. Ова е еден од оние европски градови каде има и спектакуларен пречек на новата година.
Фото: Инстаграм
РЖМ