Гордост македонска: Бронзен медал за бодибилдерката Катерина Попева на Светското Првенство во Токио

Добивај вести на Viber

Бодибилдерката од Македонија, Катерина Попева со нов успех за крај на годината.

По освоените два бронзени медали на Светскиот Куп 2024 во Санта Сузана, од Токио каде се одржа Светското првенство IFBB 2024 – сениори, се врати со освено трето место и бронзен медал.

Катерина го подобри својот минатогодишен резултат на Светското Првенство за 2024 година. Минатата година таа заврши на седмата позиција.

Оваа година Светското првенство се одржува од 16 – 19-ти декември во Токио, Јапонија.

Дека Катерина е во животна форма, покажа нејзиниот пласман на третото место освоено на Светскиот Куп кој се одржуваше во Санта Сузана, Шпанија. Во исклучително силна конкуренција застана на победничкиот пиедестал освојувајќи го третото место и бронзениот медал.

Фото: Инстаграм

Нова победа за македонската бодибилдерка Катерина Попева: Освои бронзен медал на Светкиот Куп 2024