Нова победа за македонската бодибилдерка Катерина Попева: Освои бронзен медал на Светкиот Куп 2024

Добивај вести на Viber

Катерина Попева, бодибилдерка од Македонија освои два бронзени медали на Светскиот Куп 2024 во Санта Сузана.

Во објавата на социјалните мрежи Катерина вели дека изминатиот период доживеала вистински животен ролеркостер, но она што не може да те уништи те прави посилен.

„Покрај сите животни предизвици, повреда на рамото и тоа што годинава ми беше невиден ролеркостер, и многу пати се прашував себеси дали сум на правиот пат, откажување и кукање никогаш не беа опција. Секој труд на крајот дава плод. Се исплатеа сите непроспани ноќи, глад, умор и секоја капка пот. Никогаш да не се откажувате без разлика со каков предизвик да се соочувате. Ништо не е перманентно, па ни маката ни тешкотијата. Се поминува, но трудот и заслугата секогаш остануваат за да не потсетуваат дека буквално се е возможно дури ни кога не верувате во себе и се чувствувате како да сакате да се откажете“, гласи мотивациониот говор на Катерина за нејзиниот постигнат голем успех во овој спорт.

Катерина беше повторно во топ 3 на Светскиот куп.

„Благодарна до небо на можноста да стојам на оваа сцена. Ви благодарам на сите за поддршката, честитките и сите што неуморно ме пратите. Следен предизвик Светско во Токио. Се надевам ќе ве направам повторно горди“, напиша Катерина.

Катерина Попева шампион во бодифитнес, тренер и моден дизјанер. Во интервју за Женски магазин зборуваше за начинот на исхрана и вежбањето.

- Со вежбање се занимавам од свои 14 год. Прва љубов ми е тежинскиот тренинг и сè уште сме во нераскинлива љубовна врска (се смее). Професионално со натпревари веќе 8 години. Сè започна во средно школо. Учев во средно уметничко, училиштето немаше спортска сала и часот по физичко беше одржуван во фитнес клуб. Јас не го посетував клубот само еднаш неделно туку ми стана секојдневие, рутина без која не можев и сè уште не можам да си го замислам денот. Едноставно се вљубив во овој спорт и воопшто во овој стил на живот.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Пред да почнам со фитнесот се занимавав со моделинг и бев екстремно слаба: Катерина Попева за Женски магазин