Пред да почнам со фитнесот се занимавав со моделинг и бев екстремно слаба: Катерина Попева за Женски магазин
Трендот на вечна младост, убавина и здрав живот е мотивација за многу луѓе да се занимаваат со фитнес, и редовно вежбање кое го одржува нашето тело, храмот во кој живееме. Велат дека е тешко да се биде успешен ако покрај себе нема тренер, „тренер“ кој ви помага да ги надминете пречките, ве мотивира и ве води на патот до конечната цел.
Катерина Попева шампион во бодифитнес, тренер и моден дизјанер е дамата која денеска ни ја раскажува нејзината приказна, како изгледа нејзиниот начин на исхрана, како најбрзо до рамен стомак во лето, но ни раскажа и како изгледа нејзината исхрана и колку внимава на истата.
*Како изгледа еден твој ден? Колку време одвојуваш за вежбање?
-Денот ми започнува рано наутро во 5 ч со кафе, книга и кардио, подготовка на оброците и потоа работно со моите вежбали во Тринити. Пауза за ручек и преглед на програмите за вежбање и исхрана на моите клиенти, повторно се враќам на работа. После работното време одам на тренинг и вечерта ја завршувам со оброк во Фитнес Хаус моето омилено место заедно со мојот другар и тренинг партнер Иво а воедно и омилен лик од моето секојдневние (се смее).
*Колку години активно се занимаваш со вежбање, како почна твојата приказна со вежбањето?
-Со вежбање се занимавам од свои 14 год. Прва љубов ми е тежинскиот тренинг и сѐ уште сме во нераскинлива љубовна врска (се смее). Професионално со натпревари веќе 8 години. Сѐ започна во средно школо. Учев во средно уметничко, училиштето немаше спортска сала и часот по физичко беше одржуван во фитнес клуб. Јас не го посетував клубот само еднаш неделно туку ми стана секојдневие, рутина без која не можев и сѐ уште не можам да си го замислам денот. Едноставно се вљубив во овој спорт и воопшто во овој стил на живот.
*Како изгледааат твоите оброци, дали воопшто консумираш алкохол?
-Мојата исхрана е протеинска, конзумирам протеини во секој оброк. Количината на јаглехидратите ми е во зависност од периодот на припреми, дали качувам мускулна маса или сум пред натпревар во калориски дефицит. Со секој оброк јадам зеленчук и салати, овошје во мали количини. Не јадам преработена храна и не конзумирам шеќери. Имам 4 до 5 оброци во денот. Пијам многу вода и чаеви. Ретко правам cheat meal. Се опуштам кратко единствено после натпревар и си дозволувам по некое задоволство (се смее). Алкохол не конзумирам воопшто. Можеби 3,4 пати годишно во ретки пригоди.
*За колку време може да се забележи разлика во изгледот на телото доколку се вежба редовно и се внимава на исхраната? -Доколку некој вежба редовно и има избалансирана исхрана неизбежно ќе има и резултати. Временски за колку време е индивидуално кај некого оди побргу кај некој поспоро во зависност од целта и стартната форма во која се наоѓа. *Колку килограми имаш во овој момент? Дали некогаш си се борела со вишок килограми во животот?
-Моментално имам 75,76 кг . Сега поради претстојните натпревари ќе одам надолу, инаку во сезоната на подобрување кога кажувам мускулна маса најмногу сум имала 80кг. Никогаш не сум имала прекумерна тежина. Не знам колку е познато за јавноста пред да почнам со фитнесот се занимавав со моделинг и бев екстремно слаба. По природа јас сум многу тенка, тогаш имав 49кг. Непосредно пред да започнам со натпреварувачката кариера имав 59 кг. Доколку престанам да вежбам сигурно ќе бидам потенка таква ми е генетиката.
* Колку Македонките навистина внимаваат на своето тело?
Македонките сѐ повеќе се активни и се грижат за своето тело . Ги има во доста голем број што искрено многу ме радува.
*Летото е пред нас, девојките сонуваат за рамен стомак и се придржуваат
до разни исцрпувачки режими на исхрана. Како според тебе најлесно и најбрзо може
да се ослабе?
-Нема најлесен и најбрз начин за слабеење. Сите мои вежбачи и клиенти многу добро знаат колку сум искрена и трснспарентна во однос на тоа прашање. За сѐ треба време, труд, истрајност и конзистентност. Секој сака да биде дел од исходот а многу ретко кој сака да биде дел од процесот. Доколку имате некаква цел треба да работите, да сте вљубени во целиот процес и резултатите се неизбежни. Но, секако не од денес за утре. Затоа треба секојдневно да се грижиме и вложуваме во себе. Вежбањето нема бенефит само на физичкиот изглед, туку и ментално. За рамен стомак треба балансирана исхрана со повеќе помали оброци пропратно со добра тренинг програма.
*Која исхрана ја препорачуваш како најдобра за наутро? Што е
најдобро да се направи прво наутро?
-Наутро препорачувам стрежинг вежби за истегнување, вода, кардио на гладен стомак и потоа доручек кој содржи протеини и јаглехидрати како што се житарките во кои има растителни влакна кои ќе го забрзаат вашиот метаболизам. Исто така на сите им препорачувам додека го пијат утринското кафе да прочитаат 50-тина страници од некоја книга. Сите се жалат дека не наоѓаат време за овие активности но тоа не е точно! Со добра организација сѐ е можно. Како што се грижиме за физичкото така треба да се грижиме и за своето ментално здравје. Да учиме и да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себе.
*Катерина е и модна дизајнерка – раскажи ни ја твојата модна приказна?
-Да по професија сум моден дизајнер. Завршив ликовна акафемија во Софија на отсек моден дизајн. Ова го работев 15 гидини. Сега моментално малку имам подолга пауза во однос на тоа поле, но планирам спортска колекција и свој спортски бренд и така би ги споила двете професии кои навидум се различни а сепак многу слични. Во двете професии се грижам за изгледот на луѓето (се смее).
Стилот и облеката многу зборува за тоа каква е една индивидуа, исто така и како изгледате и се чувствувате физички покажува многу за вас. Кога изгледсте и се чувствувате добро сте пример за другите и зрачите со позитивна енергија и имате поголема самодоверба.
*Како според тебе треба да изгледа современата дама?
-Една современа дама треба да е негувана, секогаш добро облечена, своја, уникатна, самостојна, да знае да готви, начитана, секси , јака но сепак женствена.
*Како ја негуваш внатрешната убавина?
-Внатрешната убавина ја негувам со многу читање без разлика дали е тоа стручна литература или романи, со многу работа на себе. Многу конверзација со најблиските пријатели размена на искуства, учење еден од друг и растење заедно. Само знам дека цел живот се учи и знам дека ништо нез нам. Вчера бев паметна и сакав да го сменам светот, денес сум мудра и ќе се променам себеси. - Руми
Ирена Ставрова