Марина тврди дека е подобра сопруга и мајка поради двојно помладиот љубовник: „Тој ја одржува жива искрата во мојот брак“
Иако го сака својот сопруг, Марина вели дека се заглавени во рутина, а благодарение на љубовникот се чувствува помлада и поенергична.
Дека љубовта може да биде многу сложена и дека изневерувањето во врска или брак не мора да значи недостаток на љубов меѓу партнерите, докажува и случајот на Марина (50), која и покрај бројните негативни коментари решила да излезе во јавноста со сопствената приказна. Двете работи кои најмногу се осудуваат на социјалните мрежи, како што вели, се неверството и големата разлика во години, а ги направила и двата гревови. Своето искуство го споделила на порталот „Moje vrijeme“, каде го опишала бракот со сопругот, љубовта од студентските денови, кого решила да го изневери со помлад маж и покрај љубовта што ја чувствува кон сопругот.
И двајцата се ситуирани и среќно исполнети во нивната родителска улога, и иако нивните животи се целосно средени, другите работи во нивниот брак очигледно не биле. „Иако го сакам мојот сопруг повеќе од животот, нашиот брак падна во рутина. Нашата љубов е силна, но секојдневните обврски и монотонијата направија да го заборавам моето вистинско „јас“. Заборавив дека можам да бидам духовита, заводлива и убава за другите. Мислам дека мојот сопруг не е виновен за тоа, едноставно се случи тоа“, ја започна својата исповед Марина.
Како што вели, се‘ се променило кога го запознала 22 години помладиот Иван. Нивната врска на почетокот била пријателска, но по неколку состаноци нивната врска прераснала во нешто повеќе.
„Сфатив дека ме привлекува неговата енергија и страст за живот. После неколку месеци нашата врска прерасна во телесна авантура. И двајцата сме во брак и од почетокот ни беше јасно дека нашата врска е само физичка и дека не ги промени нашите чувства кон нашите сопружници“, рече таа.
Со Иван се дружи во работно време, се гледаат неколку пати месечно и истакнува дека тоа и е сосема доволно. „Тие моменти ми станаа вентил, извор на енергија и страст. Откако започна нашата афера, повторно се чувствував жива. Расположението ми се подобри, се чувствувам посреќно и поисполнето. Блескав и физички. Отпрвин, чувствував грижа на совест, но сето тоа го средив во мојата глава и сега немам проблем“, изјави таа.
Аферата позитивно се одразила на нејзиното семејство
„Станав подобра мајка. Помалку сум фрустрирана и раздразлива, а повеќе сум присутна и ангажирана во животите на моите деца, кои сега се студенти. Почнавме да поминуваме поквалитетно време заедно, да организираме семејни активности. Јас сум трпелива. Дури и интимниот живот со мојот сопруг се подобри, добивме нов моментум. Се чини дека на сите им се допаѓа оваа нова јас“, објасни Марина.
Иако многу размислувала за љубовниот триаголник во кој се наоѓа, вели дека не размислува да престане да се гледа со љубовникот. Ако тоа се случи, таа вели дека веројатно ќе најде друг партнер наместо Иван.
Од друга страна, додава дека не би имала ништо против нејзиниот сопруг да најде некоја која би му ја пружила истата возбуда и енергија, но дека тоа не е тема за која некогаш би разговарала со него.
„Го сакам толку многу што би била среќна кога би знаела дека тој е среќен поради тоа. Мислам дека нашата љубов како партнери ги надминува сите физички авантури што би можеле да ги имаме, а кои за мене претставуваат нешто релаксирачко, како одење на масажа “, вели Марина, додава:
„За мојата афера знаат само моите најдобри пријатели, кои ме разбираат и не ме осудуваат. Едвај чекав да им се пофалам. Тие се моја поддршка, а нивната дискреција ми дозволува да ја чувам мојата тајна, иако јас би сакала да зборувам за се‘ гласно. Понекогаш се чувствувам како тинејџерка која штотуку го доживеала животот и сака да го сподели со светот, но не може затоа што светот е лош“, ги објасни своите емоции Марина и додаде дека е свесна дека многумина не го разбираат нејзиниот избор, но дека искуството и било неопходно за повторно да се почувствува жива.
Фото: freepik