„Ќе ме претепа, па ќе ми донесе букет цвеќе“: Ведрана Рудан за бруталното насилство кое го трпела во бракот

Добивај вести на Viber

Хрватската писателка Ведрана Рудан изјави дека трпела насилство од нејзиниот прв сопруг.


Ведрана Рудан е позната по својата искреност, па еднаш откри дека минува низ многу тежок период.

- Првиот човек кој ги исполнуваше естетските критериуми, рамениците толку големи, колковите бакви, косата таква, насмевка волшебна, очи такви.. е, ти си тој. Не сакав да ги видам другите сигнали. Мојот прв сопруг беше татко ми, само во поинаква форма и многу полоша, многу поперфидна, многу полукава – рече Ведрана, а потоа продолжи:

- Еден ден шамара, другиот букет цвеќе, сигурен психопат. Бев збунета како и сите малтретирани жени, бидејќи денес те тепа, а утре ти носи букет цвеќе и ти вели: „Не ме провоцирај, се ќе биде во ред“ – откри еднаш Ведран Рудан за својот прв сопруг.

Подоцна, таа изјави дека додека била сè уште во брак, запознала помлад адвокат со кој имала афера. Рудан денес е среќно мажена за осум години помладиот адвокат Љубиша Драгељевиќ, со кој живее во Риека, во куќа стара 400 години.

- Љубиша ме научи на толеранција. Ме промени на подобро. Се заљубивме во продавница. Тој си купуваше виолетови чевли, а јас гледав во виолетова чанта. „Тоа е одлична торба“, рече тој. Со години никој не ме гледаше. Бев воодушевена. „Твоите чевли се луди, каква случајност, тие се во иста боја како мојата чанта. „Најдобро би било да ги купите и вие, за да чекориме низ животот со исто темпо. Дали го разбирате? Колку добра основа. Па, ајде да чекориме низ животот со истиот чекор. Отидовме кај него на пијачка, другото е историја