Нина побара психолошка анализа од Женски магазин за својот Борко – Ние одговараме: „Ја сака слободата, природата и спортот“
Откако Нина, сопругата на Борко Ристовски објави цртеж од синчето Душан, на кој го нацртал целото семејство, ние со помош на психолозите кои се задолжени за анализа на детските цртежи, успеавме да откриеме дека тој е навистина среќно момче. Сонцето, куќата, дрвата … имаат свое значење и воопшто не се „тешки“ за анализа.
За нештата да бидат посимпатични и Броко нацрта свој цртеж, а Нина побара да откриеме што се крие зад овие линии.
Според она што го има нацртано, а психолозите го анализирале во своите истражувања, податоци кои се лесно достапни на интернет, најчесто поради забава, еве до каков заклучок дојдовме.
Цртежот е направен со зелена боја, а токму ова е боја која смирува и најчесто ја користат оние кои сакаат да ја истражуваат природата, да спортуваат, сакаат животни , поголема слобода и простор.
Оние личности кои деталите на цртежот, ги цртаат на десната страна, имаат развиена интуиција, мечтаат, фантазираат и често се поотворени за комуникација, сакаат да се познати и на високи позиции во животот.
Што се однесува членовите од семејството, тој е посветен татко кој се грижи за децата и ѝ дозволува на сопругата да се одмори и сонча, а често и помага околу домашните обврски.
*Овие анализи се направени за забава, и не преземаме никаква одговорност за истите
Фото:Инстаграм