Мила Стојановска - јога инструктор: Трагајќи по некој баланс, ја открив јогата која денес ми носи мир со себеси

Добивај вести на Viber

Мила Стојановска е личност со голема желба и љубов кон физичката активност и природата, љуби да биде меѓу луѓе, да дознава нови нешта и да го споделува своето искуство. Има многу полиња на интерес, но професионално се занимава со Дигитален Маркетинг поточно Advertising повеќе од три години, практикува и предава Динамична јога во Club 8 a по диплома е Финансиски менаџер и има 25 години. Во слободното време сака да е во природа и често планинари. Трагајќи по некој баланс, имала потреба да започне со нешто со кое ќе успее во секојдневниот живот да го врати вниманието кон себеси, да се чувствува добро и смирено. 


„Љубовта кон спортот во мене е вткаена уште од мали нозе преку долгогодишното танцување кое премина потоа кон одбојката и одбојкарско натпреварување за потоа да се занимавам со кик фит повеќе од 6 години во Фирс Фитнес. Во слободно време сакам да сум во природа и често планинарам. Секогаш трагам по нови предизвици и никогаш не сум се ограничувала во однос на она што сакам да го научам како способност. Почнав да практикувам јога од љубопитност и потреба за осознавање на сопствените ограничувања, како психички така и физички. Брзиот начин на живот налага доза на неодминлив стрес и напнатост кој се сортира и се појавува во телото. Трагајќи по некој баланс, имав потреба да започнам со нешто со кое ќе успеам во секојдневниот живот да го вратам вниманието кон себеси, да се чувствувам добро и смирено. Така започнав со  Power Yoga во Клуб 8“ - ни ја раскажува приказната нашата соговорничка Мила .

Така започнало нејзиното јога патување, кое како вели ја донело до таму каде што е сега.

„Она што преку практикување на јогата континуирано го постигнувам е благосостојба на сопственото постоење.  Придобивките кои ги добива секој јога вежбач се огромни, зборувајќи од физички аспект но и многу повеќе од тоа. Јогата има длабока смисла за развојот на личноста како во физички, така во ментален и духовен поглед. Општите поволни дејства од физички аспект се тие што се врши хармонизирање на многу важен систем на жлезди што се одразува на физичката благосостојба и самиот ментален став кој го создаваме кон нашиот личен живот“ - вели ова млада спортистка која додава дека при редовно практикување на асаните овој систем се одржува во најдобра можна функција. 

Преку јогата се добива добра еластичност на мускулите и подобро приспособување, подобрување на дигестивниот систем како и рамнотежа на симпатичкиот и парасимпатичкиот систем. 


„Освен физичките придобивки јогата влијае кон развиток на стабилниот ум што значи подобрување на концентрацијата како и одлучноста независно во каква и животна ситуација се наоѓаме, нѐ прави поиздржливи во секој аспект. Асаните сами по себе и доведуваат до духовна реализација бидејќи тие се она скалило кое нѐ води кон духовниот пат. Тие се неопходни за будење на психичките способности на личноста и продлабочување во процесот на медитација. Јас лично почнав со практикување на јога за благосостојба и воспоставување на баланс на телото и умот. Моето јога патување започна пред подолго време, првенствено од лични побуди, желба за добро чувствување и мир со себеси. Она што можам да го споделам со читателите е тоа дека не треба  ништо повеќе за да се започне, само треба волја и да си ветиш да бидеш посветен кон себе, секој ден, секоја недела колку и некогаш да е тешко понекогаш тоа да се направи бидејќи сите ние секојдневно се соочуваме со различни предизвици, дали на работа или дома, емотивниот набој и стрес се сеприсутни-посочува Стојановска која е јога инструктор за почетници во Клуб 8.


Мила вели дека нејзината љубопитност да проникне во луѓето и нештата кои будат некоја страна од нејзиното битисување целосно ја обзема и се посветува исто како што се посветила целосно кон Јогата и го прави тоа со многу љубов и задоволство. 

„Пронаоѓањето на овој пат каде можам преку своето тело и своите искуства да се изразам ме донесе до нова прилика да почнам да ја споделувам својата практика на Power Yoga во Клуб 8. Почнувајќи како ученик на Лејла Рамковска во нејзиниот јога клуб добив препознавање на сопствените квалитети од нејзина страна кое резултираше со соработка. Денес сум јога инструктор на динамична јога за почетници во Клуб 8. Динамичната јога е нешто во кое тотално се пронајдов карактерно и физички, може да ја опишам како тип на јога во која нема правила на редоследно изведување на јога асаните како што е случај во Аштанга јогата. Интензитетот зависи од креативноста на учителот и групата. Јас држам часови за почетници и тоа во утринска група. Со ова сакам да ги поттикнам сите ранобудници и тие кои не се толку многу љубители на утрото да направат една убава промена во овие летни денови, да си го регулираат сонот што е многу важен дел за добар ден но и да се чувствуваат убаво стартувајќи го денот со јога пракса низ добра енергија“ - ни открива оваа јога инструкторка. 


Вели дека јогата е за секого, нема ограничување во однос на возраст ниту пол, таа има цел на единство и реализација на целокупното наше постоење како на јога матот така и во секојдневниот живот. 



-Преку јогата лично многу учам за себеси и околината, ме поттикнува секојдневно да се подобрувам и тоа е работата која никогаш не престанува, работата на себеси, рабирањето на светот и неговите различни форми и предизвици кои од нас чекаат акција. Ги охрабрувам сите читатели кои се заинтересирани или некогаш барем помислиле да пробаат ваков тип на активност да се ослободат од двоумицата и да се поттикнат кон пријавување во почетничка група која ќе им биде соодветна за почеток на новото јога патување. Верувам дека ќе им отвори нова перцепција кон животот и ќе им го подобри квалитетот на истиот- советува Мила . 

Таа за прашањето за Јога вежбите ги потткинува оние кои никогаш не пробале Јога но сакаат да пробаат дома, да го посетат сајтот на Клуб 8 Club8  да пробаат некои од онлајн програмите под водство на Лејла кои се достапни веднаш, да ја погледнат специјалната понуда за ова лето Членарина - Club8. Дали онлајн или во студио, и да и се придружат на нивната заедница во секое време.


Ирена Ставрова