"Jас пред сè би кажала менталното го обликува физичкото: Интервју со Ивoна Јо

Добивај вести на Viber

Пред точно 13 години, јавноста ја запозна преку тогашното македонско музичко шоу „Идол“. Секогаш позитивна и храбра дури и пред најголемите животни искушенија и предизвици. Пред 3 години направи голем чекор кон поздрав живот, цврсто одлучи да ги намали вишокот килограми со кои водеше тешка битка уште од најрана возраст, па замина на операција за намалување на желудникот. Пејачката и инфлуенсерка Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, вели дека денот на операцијата ќе го слави како ново поглавје во животот. Оттогаш се до денес, живее еден сосема поинаков живот. Намалени килограми, настапи, нови песни, пријателства … и сето она што отсекогаш го посакувала, убаво витко тело. Иако гласно зборуваше за физичката но и психичката битка која ја водеше низ целиот процес, денес вели дека не би сакала повеќе акцентот да го става на тој дел од животот. Иако летото е посебно осетлива тема за жените кои мака мачат со килограмите и целулитот, Ивона вели дека сепак и е еден од омилените периоди во годината. Летото ја асоцира на слобода, на дишење чист воздух и лесно функционирање во секојдневието. Ова годишно време, вели е тесно поврзано со љубовта, па затоа овој разговор го започнавме токму со летните авантури кои ја одбележаа нејзината младост.

- Ги паметам летните авантури. Како тинејџери кога ја слушавме песната „Криво је море“, и замислувавме како сме многу заљубени. Одморот од 7 дена со другарките ми е омилен момент секое лето. И се смејам на глас кога ќе помислам на тие години но и на таа слобода што сум ја имала. Сега во подоцнежните години за мене постои едно и засекогаш омилено „лето 2022-ро“. Мое е и не издавам зошто е тоа така и што се случило. Тоа е тоа мое омилено лето.

Ж.М. Сон на секоја жена е убавиот „чоколаден тен“ особено на лето, а години наназад е особено „Ин“. Дали ти практикуваш солариум или препарати за самопотемнување?

- Фактор за заштита!!! Ниту солариум ниту препарати користам. Многу штетни зраци примаме на нашата кожа секојдневно. Не можам да разберам, како свесно некој би седнал под ултра штетни зраци само за инстант да добие ,, надворешна убавина“. Не велам дека не сум користела, но сега во овој момент, кога канцерот на кожата е распространет и зголемен за 35 проценти повеќе од минатата година, јас свесно одбирам фактор најголем и сенка.

Ж.М. Летото е предвидено за лелеави парчиња на облека во кои се чувствуваме пријатно. Фустаните последните години се дефинитивно дел од твојата гардероба. Што е твојот избор ова лето?

- Нешто летно, памучно, лесно, пријатно, широко, удобно.

Ж.М. Дали има нешто што би сакала да го промениш на себе или конечно си задоволна кога е во прашање физички изглед?

– Се постојано движи па така и нашите желби а и ставови околу нашето тело. Дефинитивно работам секојдневно на себе. Тука е потенцирано физичкиот изглед, јас пред сè би кажала менталното го обликува физичкото. Така што паралелно работам на двата сегмента за да може секојдневно да сум чекор понапред од замислата за она што е „совршен психофизички изглед“ за мене.

Ж.М. Кој е твоја најголема поддршка во кариерата, изгледот, стилот и музиката?

- Стилот го градам сама, сега за сега со примеси на помош од моите најблиски. Во скоро време објавувам спот во кој ги претставувам моите главни соработници. Околу косата секогаш е тука мојот стилист да ме среди и секогаш со нова идеја. Околу шминка имам неколку омилени соработници од кои едната ми е во Охрид. Музиката е подвижна сила која бара повеќе соработници но градењето на тимот и на кој најмногу му веруваш.

Ж.М. Летните одмори се период кога се релаксираме со пријателите, партерот, семејството. Каде ќе го поминеш ова лето и со кого?

- Речиси половина лето измина, и во најголемиот дел од времето го поминав во студио и кај Јоцо заедно со Тамара и бејби. Одмор сега за сега немам испланирано. Фокусот ми е на кариерата и на себе, во друштво со самата себе, Тамара и малиот круг на големи луѓе.


Елеонора А.

Фото:Инстаграм