Не го заслужувате тоа, бегајте додека сте млади и убави: Имам 70 години и го напуштам сопругот иако е болен, не сакам повеќе да го гледам
Го потрошив животот со
овој бесчувствителен човек и сега решив да заминам
„Како да излезам од лошиот брак сега кога имам 65, а тој 74? Се чувствувам ужасно, како со заминувањето да оставам старец кој зависи се повеќе од мојата помош како што старее. Понекогаш мислам дека по неговата смрт конечно ќе бидам слободна, но ако останам со него и продолжам да ме троши вака, најверојатно ќе умрам пред него, дали сега е доцна за мене? - беше поставено прашање на платформата Quora, каде една жена доби одговор која детално опишува што значи да се биде во лош брак и какви последици остава за целото семејство.
„И јас бев во многу лош брак. Се омажив кога имав само 20 години, а сега имам седумдесет. Маж ми ме изневеруваше цел живот. На нашата свадба исчезна со друга жена и не се појави неколку дена. Подоцна го фатив со таа жена“, сведочи учесничка во дискусијата.
„Бев млада и наивна. Мислев дека ако заминам, тоа значи дека сум неуспешна и дека не знам како да го спасам бракот. Затоа останав. Не можете ни да замислите што се‘ сум преживеала. Не знам ни од каде да почнам“, откри таа во одговор.
„Постојано ме навредуваше и беше насилен кон мене, како и кон нашиот син, физички и вербално. Мојот син кој сега има 45 години нема ни трошка самодоверба, токму поради тоа што живееше во семејство каде што имаше насилство“, објаснува таа понатаму.
Потоа открива дека и таа сега е болна. „Мојот сопруг боледува од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) веќе 25 години. Толку е болен што веќе едвај може да направи нешто сам. Тој е главно врзан за кревет. Се мразам себеси поради се‘ што се случило и што го дозволував тоа. Се обвинувам себеси што не си заминав кога бев млада и убава“, вели несреќната сопруга.
„Не сакам повеќе да се грижам за него. Тој е зависен од мене, а во моето срце има премногу горчина. Страшно е и кога мислам дека сакам да умре, бидејќи би можела да умрам пред него. Залудно го потрошив мојот живот со овој бесчувствителен човек и сега решив да си заминам среќно, јас и син ми ги истражуваме опциите за преселба на некое подобро помало место “, напиша таа.
На крајот, оваа 70-годишна жена уште еднаш не‘ допира со зборовите: „Имам закажан преглед кај психијатар затоа што плачам секој ден и сум на работ на тешка депресија, како и поголемиот дел од мојот живот. Не го заслужувате тоа, бегајте“.
Фото: Freepik