Брз оброк за појадок: Специјалитет од „кујната на баба“-состојките ги имате дома (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Од „кујната на баба“ доаѓа рецепт идеален за секое време од денот. Ви требаат само неколку состојки од кујната за да направите вкусно јадење.

Ви треба:

-стар исечен леб

-2 јајца

-150 гр сирење

-100 мл млеко

-2 лажици масло

-2 гл.млад кромид

-50 гр рендано сирење

Подготовка:

Издробете го сирењето и измешајте го со јајцата, додадете исечкан кромид и рендано сирење. Додадете млеко и измешајте сè.

Обложете го плехот со хартија за печење и секое парче леб потопете го во смесата со јајца и сирење и наредете го во плехот.

На крајот, со лажица соберете и распоредете ја дебелината на сирењето на секој леб. Посипете со остатокот од сирењето. Печете на 220 степени 20-30 минути.



ФОТО; Јутјуб принтскрин