Актуелно // Insta вести
Синот и ќерката на Борко Ристовски со празнична фотосесија: Преслатка новогодишна честитка од Душан и Анастасија
- 19 Декември, 2024
Новогодишните фотосесии со најмалите се најубавиот спомен од овие денови. Една таква на своите деца им направи поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација и актуелен министер за спорт Борко Ристовски и неговата сопруга Нина.
Душан и Анастасија позираат среде сценографија со новогодишни декорации.
Малата Анастасија е облечена во црвено фустанче со роси, додека батко Душан носи кафени панталони и карирана кошула каде доминира црвената боја.
Душан во април наполни 6, додека Анастасија во февруари идната година ќе полни 2 години.
Фото: ИнстаграмРЖМ