Јелена Карлеуша: Ќе се кандидирам за претседател на Србија, по завршувањето на мандатот на Александар Вучиќ

Добивај вести на Viber

Поп дивата Јелена Карлеуша повторно ја изненади јавноста, овојпат со изјава која предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Имено, Јелена откри дека планира да се кандидира за претседател на Србија по истекот на мандатот на Александар Вучиќ и јасно истакна дека има амбиција да ја преземе оваа важна функција.

– По завршувањето на мандатот на претседателот Александар Вучиќ (иако верувам дека доживотно ја заслужува функцијата претседател), планирам да се кандидирам за функцијата претседател на Србија – напиша Јелена во својата објава.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Karleua (@karleusastar)

Нејзината изјава предизвика голем број коментари, а Јелена Карлеуша е позната по тоа што никого никогаш не остави рамнодушен.

Храбра и без влакна на јазикот, Карлеуша секогаш нагласувала дека не се плаши од предизвици, а многумина се прашуваат кој ќе биде следниот чекор на оваа интригантна музичка ѕвезда.


Фото: Женски магазин - В. Тануровски