Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ вчеравечер (14 декември) одржа концерт во Штутгарт на кој зборуваше за својот љубовен статус кој насмеа многумина во салата.
Откако испеа еден од нејзините хитови, фолкерката застана и рече дека е „соло“ и дека ужива во тоа.
- Знаете што? Мојот статус е најсилен - соло! Супер е - почна Цеца, па додаде.
- Никој не те нервира, никому не се правдаш, правиш што сакаш, одиш каде сакаш - рече Ражнатовиќ, а публиката ја награди со громогласен аплауз.
Да потсетиме, Цеца Ражнатовиќ денеска беше фотографирана на аеродромот „Никола Тесла“ каде слета со својата снаа Богдана Ражнатовиќ.
Цеца и Богдана беа во опуштени изданија.
Фото: Youtube - screenshoot