Не одолеа: Викторија Лоба стави огромен детаљ на новогодишната елка, го запази трендот

Добивај вести на Viber

Пејачката Викторија Лоба е дама која ги следи светските трендови. Таа е секогаш убаво облечена во склад со настанот на кој присуствува, но ако ѕирнете во нејзиниот дом со фотките и видеата кои ги споделува на социјалните мрежи може да видите дека и домот и е наместен со безвременски детали и бои кои никогаш не излегуваат од мода. 

Сега предновогодишно атрактивната пејачка го украси својот дом со елка која годинава ја дополни со најтренди парчето кое го одбележа трендот на украсување за 2024 година. Имено станува збор за гоооолема црвена панделка која ја ставила Лоба на најгорниот дел од елката.

Овој тренд го започнаа најпознатите инфлуенсери и трендсетеи во светот, а на него не остана имуна и таа. 

„Да се запаси трендот. Уште неколку големи лампиони ми остана да докупам“, напиша пејачката покрај објавата со елката. Дали панделката ја купила некаде, или е направена по нарачка специјално за неа не знаеме, но изгледа интересно, несекојдневно, сосема различно и пред се‘ убаво за очи. 


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм/ Женски магазин - архива