Актуелно // Insta вести
„Мојата кралица“: Спасен Силјаноски горд на својата поубава половина Ана
- 16 Декември, 2024
Спасен Силјановски со години ја забавува македонската публика, но својата поголема популарност ја доживеа откако неговата песна „Ќе ти дојдам“ стана регионален хит. Тој од неодамна е дел и од емисијата „Везилка“ каде е водител со Адријана Алачки.
Пејачот е доста активен на социјалните мрежи и редовно на јавноста и открива дел од неговиот секојдневен живот. А сега со своите следбеници и фанови сподели колку му значи неговата поубава половина, неговата сопруга.
Гордиот Спасен покрај фотката од него и Ана напиша: „Мојата кралица“.
Парот е заедно скоро 10 години, а плод на нивната љубов се нивните две деца.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм