Јелена Спенџарска: „Сфатив дека морам да одам на терапевт, бев несреќна, но се сменив за 360 степени“- КАЖИ ШИФРА
Во подкастот КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор.мк ќе имате можност одблиску да се запознаете со Јелена Спенџарска, онаа вистинската, без паравани, без скривања, директно за се! Пробивме неколку животни шифри.
Водителката на Канал 5 и инфлуенсерка денес го живее животот со полни гради, но не секогаш било така. Имало периоди кога нештата дошле до точка на вриење, ама упорноста да ги совлада негативните нешта ѝ донела нови видици, нови светови, мудрост, спокој, сила и љубов.
Зборуваме за многу интересни нешта од кои може секој да научи лекција. Посебно колку е важно да се осознаеме себе си кои сме, што сме, што сакаме, од кого влечеме корени, за нашето општество, влијанието на социјаните мрежи и секако- за љубовта како главен двигател на се, за нејзиниот Лукас...
Подолг временски период е на малите екрани, луцидна, позитивна, убава и забавна. Многу е и креативна. Пласира одлични содржини на социјалните мрежи, често знае да се шегува на своја сметка но и нема проблем јавно да го искаже своето мислење, па дури и да посочи на одредени недостатоци кои повеќето не допираат.
Веќе две години живее на релација Скопје- Солун, а тоа е така затоа што е во врска со гркот Лукас за кој вели дека се надополнуваат во секоја смисла на зборот. Ќе видите една поинаква Јелена Спенџарска, која има издржани одговори со кои може да ви ја промени перцепцијата, а на тој начин и да помогне. Го извлековме најдоброто од неа.
Еве го целиот подкаст: