„Колку повеќе си осудуван, толку повеќе ти ја чистат кармата“:Јелена Спенџарска во нашиот подкаст „КАЖИ ШИФРА“
Во подкастот КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор.мк на гости ни беше водителката и инфуенсерка Јелена Спенџарска.
Целиот подкаст ќе имате можност да го гледате утре на Женски магазин во 10 часот, а нема да останете рамнодушни од одговорите на Спенџарска.
Таа е подолг временски период на малите екрани, луцидна, позитивна, убава и забавна. Многу е и креативна. Пласира одлични содржини на социјалните мрежи, често знае да се шегува на своја сметка но и нема проблем јавно да го искаже своето мислење, па дури и да посочи на одредени недостатоци во општеството.
Веќе две години живее на релација Скопје- Солун, а тоа е така затоа што е во врска со гркот Лукас за кој вели дека се надополнуваат во секоја смисла на зборот. Во подкастот зборуваме за најразлични нешта. Ќе видите една поинаква Јелена Спенџарска која можеби со своите одговори ќе им помогне на многумина.
Еве само краток дел од нашиот разговор: