,

Огнено, заводливо и тренди: Елена Ристеска во црна кожа го истакна своето извајно тело

Добивај вести на Viber

Кожата никогаш не излегува од мода, а во последните години силно се враќа меѓу најдоминантните трендови.

Без разлика дали се работи за јакни, здолништа, панталони или фустани, кожата е многу разновиден материјал кој на облеката им дава допир на смелост и елеганција.

Црната кожена облека е класика со која нема грешка, па токму за такви парчиња облека се решила и нашата Елена Ристеска.

Облечена во црн кожен фустан припиен за нејзиното извајно тело и долг кожен црн мантил пејачката го одзема здивот.


Со овој изглед пејачката се појавила како жири на „Монтесонг”. 

Одличен избор на модни парчиња, кои искомбинирано заедно даваат слика на самоуверена и силна жена.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм