Две за да се засладите и едно за да го задоволите гладот: Ова се три вкусни посни јадења кои можете да ги вклучите во вашата семејна трпеза

Добивај вести на Viber

Божиќниот пост, веќе започна и ќе трае 40 дена. Ова е период во кој верниците се воздржуваат од мрсна храна, алкохол, а се препорачува избегнување на грешни мисли.

За време на овој пост, важно е да се почитуваат одредени правила: во среда и петок се строги пости, додека во понеделник, вторник и четврток се дозволени масло и вино, а во сабота и недела е дозволена риба.

Овој пост не е само духовна пракса, туку и можност да се свртите кон поздрава исхрана и да уживате во едноставни, но вкусни јадења.

Ви пренесуваме три совршени рецепти кои се идеални за време на божиќниот пост.

Овие рецепти се лесни за подготовка, брзи и вкусни, така што ќе ги задоволат и најпребирливите членови на вашето семејство. Овие оброци ќе ве збогатат нутритивно и ќе ви дадат енергија за претстојниот ден.

Посни кори со компири

Состојки:

*1 кг компири
*половина кг кора за пита
*2 главици кромид
*масло
*сол
*бибер
*сув билен зачин
*мелена пиперка

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Главиците кромид исчистете ги, ситно исечкајте ги и посолете ги. Се пржат на врело масло. Компирите исчистете ги и изрендајте ги, па додајте ги во кромидот и пропржете ги. Додадете ги  зачините. Земете една кора и премачкајте ја со масло, одозгора ставете ја втората кора, а одозгора намачкајте го филот од компири. Свиткајте во ролна и наредете во плех обложен со хартија за печење. Намачкајте ги одзгора со масло. Печете околу половина час, во рерна загреана на 220 степени. Извадете ги печените кори и покријте ги со сува крпа. Лесно прскајте со кисела вода.

Посна бисквит торта

Состојки:

*250 гр посен маргарин
*200 гр шеќер во прав
*600 гр посен мелен бисквит
*200 мл сок од портокал
*билен шлаг

Подготовка:

Се мати маргаринот со шеќерот во прав додека не се запени, па се додаваат сокот од портокал и мелените бисквити. Сè убаво измешајте за да се соединат состојките. Се редат во калап и се украсуваат со шлаг. Оставете 1 час во фрижидер.

Кокосови топчиња

Состојки:

*400 гр компири
*250 гр маргарин
*250 гр шеќер во прав
*300 гр кокос

За декорација:

*100 гр кокос

Подготовка:

Компирите сварете ги со кора, налејте вода и оставете да се излади. Излупете и изгмечете со вилушка. Се матат маргаринот на собна температура со шеќерот додека не се запени. Додадете го пирето и матете со миксер додека не се соединат и нема грутчиња. Додадете го кокосот и изматете додека не се изедначи. Направете топчиња со саканата големина и валкајте во кокос.

Извор: Najzena.rs